18.2 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО)Бешлиовска: Медицинските сестри се богатство – инвестициите во нив се влог за здрава нација!

Медициските сестри во Македонија бараат институционално, системско решавање на деценискиот проблем – признавање на нивниот статус, бидејќи се една од најважните алки во здравствената заштита. Ниту една реформа во македонското здравство не треба да помине како досега без вклучување на медицинските сестри, велат од Унијата на здруженија предводени од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри “ЗА НАС”. Денеска во Прилеп се одржа  XXIII Симпозиум на Унијата на здруженија предводени од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри “ЗА НАС”, односно Вториот симпозиум на друштвото на медицински сестри за примарна здравствена заштита при ЗМСТАС „ЗА НАС.”

Медицинските сестри се богатство на нацијата, а нацијата богатство на државата. Кога ќе инвестирате во медицинските сестри, вие инвестирате во здрава нација. Или така ќе го разбереме тоа, или еден ден ќе имаме навистина сериозен проблем со целокупниот здравствен систем. Не можете да иницирате квантитети без квалитети. И не можете да носите одлуки и современ здравствен систем и национални стратегии без медицинските сестри. Кој е тој здравствен столб во Европа и секаде, каде и да е, без медицинските сестри? Ние сме сведоци на многу настани од месецов и наназад, вклучително, и носењето и измените на дополнувањата на Законот за здравствена заштита, а медицинските сестри, односно нашите здруженија, ние како највидливиот  глас кој работи за сестрите во сите области, не бевме воопшто повикани таму,“ рече м-р Гордана Бешлиовска, претседателка на ЗА НАС – Здружение на мед.сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри.  

Медицинските сестри се една од најважните алки во здравствениот систем вели проф. д-р Нико Беќаровски кој ја дава поддршката за нив.

Најголема чест во животот што ја добив, што станав и јас почесна медицинска сестра и член на Здружението. И веднаш да ви кажам, се додека ја гледаме само главата, а р’бетот ни пати,  ќе имаме парализиран здравствен систем. Затоа што сестрите беа, се и секогаш ќе бидат р’бетот и носителите на здравствениот систем. За да не биде понатаму парализиран, треба и они да си го добијат своето заслужено место. Бидејќи сите овде знаеме по нешто анатомија – рацете и нозите на еден организам се движат од р’бетот. Главата е таа што ги дава насоките, таа што ги дава препораките, меѓутоа главните извршители и понатаму кои што се грижат за пациентите се медицинските сестри. Кога ќе се врати нивното достоинство, тогаш можеби ќе се врати и достоинството на лекарите и воопшто на белиот мантил, рече Беќаровски. 

Симпозиумот во Прилеп опфати повеќе стручни теми од областа на примарната здравствена заштита. На овој стручен собир и’ беше доделена плакета за животно дело на медицинската сестра Лепосава Милеска Јоноска за посебен придонес и развој на сестринската професија.

Би можело да ве интересира

Левица: Во Комуналец набавка на канцелариски мебел е недомаќинско трошење на народните пари

Ракометно дерби во Прилеп за пласман во плеј-оф

Пела Редакција

Утре, (сабота) без струја ќе останат неколку улици и села во прилепско

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе