15.1 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Интонирање на химната и подигање на државното знаме во училиштата во општина Кривогаштани

Одлука за задолжително интонирање на државната химна и подигање на државното знаме секој понеделник за време на учебната година во основните училишта во општина Кривогаштани изгласа Советот на општината на последната седница.

Предлог одлуката поднесена од претседателот на Советот Андреј Ацески, едногласно беше прифатена од останатите членови на советот.

Во општината има две основни училишта ООУ „Манчу Матак“ Кривогаштани и ООУ „Јонче Смугрески“ Обршани.

Целта е зајакнување на националната свест, патриотизмот и граѓанската свест кај децата.

Би можело да ве интересира

„Еурокомпозит“ – тема на првата официјална средба на францускиот амбасадор Тимоние и градоначалникот Јованоски

Штрајкуваат вработените во прилепските градинки, згрижени 70 деца

Прилепскиот театар подготвува две претстави: Ловец во р’жта и Црнила

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе