31.5 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

Крушево доби донација со која се решава проблемот со водоснабдувањето

Општина Крушево доби донација – пумпен агрегат, опрема со која се решава долготрајниот проблем на стабилноста во водоснабдувањето на градот. Донацијата од општествено одговорната компанија Окта ќе овозможи стабилно функционирање на водоснабдителниот систем и континуиран пристап до чиста вода, што директно го подобрува секојдневниот живот и квалитетот на живеење во заедницата.

„Ваквите примери на општествена одговорност се од огромно значење за локалниот развој и претставуваат вистински модел за соработка меѓу приватниот сектор и локалната самоуправа“, посочи градоначалникот Нико Чонески изразувајќи благодарност на средбата со главниот извршен директор на ОКТА, г. Димитриос Пасхос.

Крушево повеќе години се соочува со проблемот на застој и дефекти во работата на водоводните пумпи на системот за довод во градот.

Би можело да ве интересира

Ќе се уништуваат глодарите – започнува превентивна дератизација на канализација

Прв школски час за 715 првачиња

На Селечка на помош авиони за гаснење пожар од Дирекцијата за заштита и спасување.

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе