14.2 C
Прилеп
четврток, 18 јуни, 2026
Пела Радио

(Видео) Протести вечерва и во Прилеп поради одземени возила на битолски Роми

Група граѓани од Ромска националнот  попладнево го блокираа патот Битола – Ресен во знак на протест поради измените во Законот за прекршоци и опоради одземањето на нивните возила за возење без положен возачки испит, согласно членот 297 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“. Обиколницата кај Битола  сеуште е затворена, а сообраќајот се пренасочува.

„Ги сакаме правилата како што си беа, сиромаштијата како што си ја тераме. Без возачки, со регистрирани коли, сакаме тоа истото да ни го продолжат.“ – рече еден од протестантите во Битола.
Од надлежните бараат да им овозможат да полагаат за возачка дозвола во посебна процедура. Мнозинството се неписмени, трошоците за часови и полагање за возачка се високи, велат тие ,но тврдата дека  ги знаат и почитуваат сообраќајните правила.

Се протестираше вечерва и во Прилеп во центарот на градот пред општинската зграда ,каде беше запрен сообрајќајот и нарушун јавниот ред и мир .

Дел од Ромите протестираа и во Кочани, Штип, Струмица

Заедничкиот мотив на сите протести е незадоволството од одземените возила, кои, како што велат демонстрантите, им биле основно средство за работа и извор на егзистенција за нивните семејства. На одредени локации беа палени гуми и расфрлано ѓубре со цел да се попречи сообраќајот.

Би можело да ве интересира

АПЕЛ: Да му помогнеме на Ивица Срезоски

Пела Редакција

Во јубилејната година Џез фестивалот не доби поддршка од Министерството за култура

Протестите на тутунарите се’ поизвесни, освен Тутунски Комбинат, другите откупувачи не го почитуваат договорот

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе