24.1 C
Прилеп
вторник, 16 јуни, 2026
Пела Радио

Ромите протестираат-блокиран сообраќајот на излезот од Прилеп кон Плетвар

Регионалниот пат Прилеп кон Плетвар денеска од  11 и 30 часот е блокиран на повеќе места за сообраќај кај Лук Оил и на крстосницата кај Оревоец, поради протест  на група граѓани од ромска националност кои својот револт за одземените возила во Битола го проширија на регионалните сообраќајници. Протестот е поради измените во Законот за прекршоци и поради одземањето на нивните возила за возење без положен возачки испит, согласно членот 297 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.

„Од 11:30 часот започнат е најавен јавен собир на околу 150 лица од ромска националност поради измените на ЗБСП, на крстосница за с. Ореовец на планински превој Плетвар на магистралниот пат А1 Прилеп- Градско, патниот сообраќај е во прекин во двата правци. На блокадата има поставено возила, гуми и други предмети, соопшти АМСМ.

Според информациите од ОВР Прилеп јавниот собир треба да трае до 20 часот денеска.

Би можело да ве интересира

Бесплатен градски превоз по повод денот “ Европската недела на мобилност“

ДНУ Прилеп – 50 години стожер и промотор на научната мисла

Отстранети хаваристаните возила и сметот од гаражниот простор на Цепенков

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе