20.5 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Во знакот на француската поезија поетскиот перформанс „Љубење со стихови“ ги одушеви прилепчани

На денот на виното и денот на вљубените, во кафе-галеријата „Лувр“ во Прилеп, по седми пат  се одржа поетскиот перформанс „Љубење со стихови“ во органзиација на Здружението ЗОКУМ дружение за образование, култура и уметност).

Поетите, Филип Димкоски и Лина Димоска, членови на ЗОКУМ, пред публиката се претставија со дел од нивната поезија со љубовни мотиви, а во програмата прозвучија и стиховите на француските поети на љубовта како Жак Превер, Гијом Аполинер, де Беранже, Бодлер, Пол Елијар, Стефан Маларме, Артур Рембо и други.

 

Специјален гостин во програмата овојпат беше Љупка Томиќ, авторка и професорка по француски јазик, која овозможи публиката да ја чуе поезија на француски.

Поетската вечер беше исполнета со топлина и инспирација. Публиката уживаше во стихови што носеа емоции, мисли и убавина, а атмосферата беше интимна и возвишена. Секој настап остави силен впечаток, создавајќи чувство на заедништво и духовно богатство. Вечерта заврши со аплаузи и насмевки, како доказ дека поезијата навистина ги поврзува луѓето.

Кафулето, кое е во стилот на уметноста, успеа да ја надополни сета таа атмосферата во кои сите искрено уживаа. Зажалија само оние кое не присуствуваа на вечерта. А, Здружението ЗОКУМ уште еднаш докажа и потврди дека зазема клучна улога во организирање на културни настани кои ја поврзуваат публиката преку поезијата, потврдувајќи се како вистински промотори на културата во Прилеп.

 

Би можело да ве интересира

„Убавите жени“, поетско пладне посветено на Блаже Конески во Градската библиотека

ИКТ Центарот во Прилеп ќе чува податоци од Народна банка

Промоција на романот „Грст афионови зрнца“ од прилепскиот писател Горан Василевски

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе