21 C
Прилеп
вторник, 16 јуни, 2026
Пела Радио

Победа сепак денеска играше

И, покрај турбуленциите во клубот, Победа денеска се вклучи во пролетниот дел од натпреварувањето во ВМФЛ и играше на домашен терен против Новаци. Натпреварот заврши пет нула за гостинската екипа. Победа овој натпревар го играше без публика, бидејќи сеуште ја издржува казната од неколку натпревари играње без публика на домашен терен, доделена од ФФМ, поради недолично однесување на навивачите во еден од натпреварите од претходната полусезона. Но, и покрај се’ фановите на Победа „мораа“ да го гледаат натпреварот. Па, „ѕиркаа“ зад оградата, следејќи го натпреварот од камените скали (на т.н стара болница) кои се близу градскиот стадионот „Гоце Делчев“.

Иако, поради лошата состојба се бараше одложување на овој натпревар, барем за в среда, сепак редовите на Победа се консолидираа со подмладок и натпреварот се одигра, на задоволство на симпатизерите и навивачите.

На натпреварот во 16 коло од ВМФЛ за ФК Победа настапија: Виктор Анѓелевски, Матеј Талески, Давид Паскоски, Давид Здравески, Кренар Сулемани, Далијан Волчески, Кристи Крајоски, Димитар Шаркоски, Филип Петрески, Леонид Митрески, Гоце Кузманоски, Арсениј Солевски, Гоце Петрески, Теодор Ѓероски, Андреј Петрески, Тренер: Кирил Овезоски.

Screenshot – (обајвено од Гето-Прилеп подгрупа на Мајмуни)

Инаку, само два дена пред стартот на пролетната полусезона во ВМФЛ, фудбалскиот клуб Победа најави дека ќе апстинира и нема да игра во пролетниот дел од Втората лига на Македонија, поради финансиски и кадровски тешкотии.

Навивачите и симпатизерите на Победа и дел од играчите бараа и покрај долговите, и покрај недоразбирањата со акционерите, градот да го преземе клубот под свои ингеренции. Но, општината во својот допис до структурите на ФК Победа соопшти дека таа нема да дозволи буџетските средства на граѓаните да завршат во покривање на долгови, „особено по сознанијата дека службени средства на клубот биле ненаменски трошени за уплати во казина, обложувалници и приватни потреби. При актуелната сопственичка структура, каде приватниот капитал поседува целосно мнозинство од акциите, одговорноста за финансискиот колапс и правниот вакуум е исклучиво кај сопствениците кои избраа пасивност наместо соработка со градот. Нашата заложба за спас на ФК Победа останува непроменета, но единствениот пат напред е преку целосен и транспарентен увид во целокупното финансиско работење, бидејќи само на здрави и чесни основи можеме да го вратиме достоинството на овој клуб.“ стоеше како дел од општинското соопштение до јавноста.

Официјалниот претставник од Победа, само пред два дена најави дека нема можност за натпреварување, навивачите пред јавноста беа децидни дека ќе го продолжат првенството со сопствени сили, општината повеќе не се јави, ниту акционерите, а јавноста остана пократка за тоа “што се случи да се промени ставот и Победа да ја започне полусезоната?!”

По овој пресврт,  остануваат многу отворени прашања за состојбата со клубот, но едно е најгласно: Дали Победа е спасена или останува брод што само тоне побавно!

Би можело да ве интересира

Пурдеска : Се гордеам што први како спортисти по осамостојувањето на Македонија настапивме под знамето

Никола Димески

Прв екипен шаховски турнир помеѓу сите основни училишта во Прилеп (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

И, младите прилепски фудбалерки успешни како и сениорките

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе