18.9 C
Прилеп
вторник, 16 јуни, 2026
Пела Радио

Возел пијан со над 4 пати алкохол во крвта од дозволеното

Полицијата синоќа лишила од слобода прилепчанец кој возел пијан со над 4 пати повеќе алкохол во крвта од дозволеното, ќе следува соодветна пријава посочуваат од СВР Битола:

На 21.02.2026 во 19:00 часот на ул. „Орде Чопела“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Г.Д. од Прилеп. Имено, при контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле патничко возило „форд ” со прилепско регистарски ознаки управувано од Г.Д. при што констатирано било дека истиот го управува возилото под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2.68 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава за „безобѕирно управување на возило” казниво по чл.297-а од кривичен Законик. 

Да потсетиме во Македонија, максимално дозволеното ниво на алкохол во крвта за возачи е 0,5 промили, додека за возачи почетници, професионални возачи и возачи на моторни возила од категориите Ц, Д и Е, толеранцијата е 0,0 промили. Секоја количина над законскиот лимит се казнува парично и со забрана за управување.

Би можело да ве интересира

Прилеп: Во тек е локално проширување на вирусот!

Есенски панаѓур во ООУ „Кире Гаврилоски Јане“ Прилеп

На две мерни места во Лагово и Алинци водата не е за пиење

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе