Прилеп денеска живееше под маска. Над 300 групни и поединечни маски беа дел од карневалското празнување. Мечкарите чија маска ова годаина празнува постоење од еден век, ја предводеа карневалска поворката, а на карневалското случување беа голем број и други маски кои го имаа прилепскиот мајтап, го отсликуваа социјалниот момент, но и традиционални и модерни маски кои ја збогатуваа карневалската содржина во Прилеп. Со еден збор, секој, и старо и младо, се маскирал како што се чувствува.



Прилеп оваа година одбележа 25 години Прочка и 100 години од најавтентичната маска „Прилепски мечкари“. По тој повод градот го посети и претседателот на Европски асоцијација на карневалски градови, Ларс Аргел, кој беше дел од карневалската дружба.
Многу ми е драго што сум тука,гледам многу познаит лица,а особено се свежи сеќавањата кога имаше Светска конфенција на карневалски градови ,тука во Прилеп, и сум навситина среќен што направивме еден рестарт на карневалот , изјави Алгел

„Со особена чест можам да истакнам дека успешно го вративме меѓународниот карактер на карневалот. Му благодарам на претседателот на FECC, Ларс Алгел, како и на претставниците на сите македонски и европски градови кои беа дел од ова јубилејно издание. Прилеп повторно покажа дека е достоен домаќин! Маската „Прилепски мечкари“ останува наше нематеријално културно наследство и симбол на истрајноста, автентичноста и духот на нашиот народ. Горди сме што оваа традиција веќе цел век живее и се развива.“ истакна при оваа прилика градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски
Карневалот Прочка има натпреварувачки карактер. Најдобрите маски беа наградени
Наградени маски од Меѓународниот карневал Прочка 2026:
ГРАН ПРИ за Весела Фарма- ООУ Добре Јованоски Детски карневал: 1. Од цветот на знаењето се раѓа медот на успехот ООУ Кочо Рацин 2. Шах-Мат, ООУ Рампо Левката 3. Јинг Јанг, ООУ Кире Гаврилоски Јане
Возрасни: 1. Пепелашка на карневал, Зодијак 2. Прилепска златна кралица, СОУ Ѓорче Петров 3. Врховниот совет на смарагдите, Здружение за развој и едукација
Поединечни маски: Детска: Gothic girl, Мидеа Возрасни: Puxelstar, Мила Спиркоска
Прочка или Прошка е поврзана со простувањето. Вечерва помладите од постарите бараат простување, прост ако згрешиле нешто во текот на годината. Барањето прошка е дел од обредот да се остават лошите работи зад старата година и во новата да se влезе ослободен од тегобите и гревовите.
Утре,pak, започнува Велигденскиот пост. Утре на т.н „Чист Понеделник“, прилепските касапи даваат ручек на учесниците на карневалското случување во Прилеп.























