15.6 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Прилеп: Претстава „ЧУДЕСНИОТ НАПИТОК” од Театар ,,Златен Елец” по повод Светскиот ден на театарот

Светскиот ден на театарот, Театарот „Војдан Чернодрински“ ќе го одбележи со изведба на претставата „ЧУДЕСНИОТ НАПИТОК” од Театар ,,Златен Елец”, на 27 март/ петок/ од 11.30 часот  во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“.

Во претстваата играат: Хари- Бобан Алексоски-Хермиона, Валдена- Надица Петрова Визли, Гринимор- Бранко Михајлоски, Волдеморд- Тодор Стојковски – (глас), Професорката Меконакен- Ванеса Тримчевска – (глас).

Претставата говори за младиот волшебник. Хари Потер заедно со неговите другари го наоѓаат познатиот чудесен напиток што го има оставено познатиот волшебник Гринимор. Чудесниот напиток има и упатство за употреба, а тоа е книга со загатки кои треба да се одгатнат. Се појавува лошата магепсничка Валдена која безмилосно ги напаѓа и им ја зема книгата со упатството. Потоа се појавува и самиот создател на напитокот, волшебникот Гринимор кој ги предупредува дека кога ке го отворат шишето ке им се појави и дел од духот на најголемиот , но нацрниот волшебник кој се враќа од мртвите, лошиот Волдеморд. Ова е интерактивна театарска претстава за деца од 3 до 11 годишна возраст, поучна приказна која низ многу забавни и магични театарски игри, ги истакнува лубовта, другарството и вербата како наголеми сили и моќи на човештвото.

 

Би можело да ве интересира

И Македонците во Малта одржаа мирен собир

Силјановска свикува Совет за безбедност – државниот врв на итна седница утревечер

Боево гаѓање -Леково забранета зона

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе