26.7 C
Прилеп
вторник, 28 јули, 2026
Пела Радио

Мултимедијален проект „Оган“ – изложба на уметницата Бојана Артиновска

Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ на 27 март 2026г. /петок/ од 19.00 часот ќе биде отворена изложбата „Оган“ од академската уметница Бојана Артиновска. Во рамки на отворањето на изложбата авторката Бојана Артиновска ќе изведе перформанс сликање во живо како дел од процесот на создавање и непосредно претставување на енергијата на огнот.

Проектот е дел од годишната програма за работа на ЦК „Марко Цепенков“ поддржан од Министерството за култура и туризам.

Бојана Артиновска е визуелна уметница родена во Велес, а живее и работи во Битола. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсек сликарство и сценографија. Од 2000 до 2003 година работи во САД, по што активно твори на македонската уметничка сцена.

Член е на ДЛУБ, ДЛУП и ДЛУМ. Во својата работа се занимава со сликарство, сценографија, дизајн и театарска визуелизација, со долгогодишна соработка со НУЦК „Марко Цепенков“ и повеќе театарски работилници.

Има реализирано бројни групни настапи и девет самостојни изложби, меѓу кои: „Во мене“ (2008), „Гозба“ (2011), „Трепет“ (2020), „Позадини“ (2021), „Земја“ (2022), „Вода“ (2023/2024) и „Парчиња живот“ (2024). Нејзината најнова изложба „Оган“ (2026) е дел од циклусот инспириран од основните елементи.

Добитничка е на наградата за најдобра сценографија на фестивалот „Репасаж“ во Србија (2010) и на наградата „4 Ноември“ на ДЛУБ (2022). Во своите дела користи слоеви од боја, текстура и експериментални техники. Паралелно е активна и како инструктор по јога.

Би можело да ве интересира

Приведен дилер во Прилеп, при извршен претрес пронајдена дрога 

На територија на СВР Битола санкционирани близу 100 возачи за сообраќајни прекршоци

Уметницата Маја Р. Младеновски утре изложува во Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе