15.3 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

Град во крушевско и кривогаштанско

Побелеа земјоделските површини во регионов. Град со големина на лешник попладнево заврна во крушевско и кривогаштанско. Заладувањето, северен ветер и врнежи од град и дожд, а на повисоките места снег во регионот беа најавени од синоптичарите.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд со послаб интензитет и услови за изолирана појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на викендот и во првите денови од следната седмица ќе се задржи променливо облачно време со локални врнежи со послаб интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат повторно во текот на ноќта кон среда и во среда. Во недела и во среда ќе дува умерен, а долж Повардарието и засилен ветер од северен правец.

Би можело да ве интересира

Не исправна вода за пиење во две села во прилепско

Општина Прилеп го одбележа Меѓународниот ден на Ромите – 8 ми април

Со регистрација до СКУТЕР – Авто Контрол Прилеп наградува!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе