Природата се почитува и се сака ако ја запознаваме, се движиме и се грижиме за неа, a на таков начин се грижиме и за нашето здравје. Токму ова е причината што Планинарското Спортско Здружение „Козјак“ – Прилеп со поддршка на Општина Прилеп во соработка со основните и средните училишта организира голем планинарски настан на 5 април, в недела на кој што се поканети сите вљубеници во природата и во здравиот начин на живот.
„СИТЕ ВО ПРИРОДА“ е одлична можност учениците, наставниците и граѓаните заедно да излезат во природа, да се дружат, да пешачат и да ја почувствуваат убавината на планината. Настанот има за цел да ја поттикне љубовта кон природата, здравиот начин на живот и заедништвото помеѓу младите, посочуваат организаторите.


