Купишта околу оградниот sид на старите градски гробишта собраа екипите ЈКП “Комуналец“ со апел и молба „отпадот од домаќинствата да не се исфрла околу оградниот sид на Старите градски гробишта! Ооваа појава никако да прекине“, пишуваат во објавија на својата ФБ страна и револтирани што исфрлениот отпад 90% е комунален отпад, кој се собира од домаќинствата , преку редовната линија или со дополнителна услуга од страна на ,,Комуналец”.
Денеска комуналните служби повторно ги исчистија неколкуте диви и натрупани депонии околу оградниот sид на гробиштата. Купишта отпад, исфрлени од несовесни граѓани, се натрупуваат на просторот кој треба да биде симбол на почит и достоинство. Наместо тишина и спокој, посетителите се соочуваат со пластика, шут и разни остатоци што грубо ја нарушуваат светоста на ова место.„Христијански , а пред се човечки е да се трпиме, но се има своја граница. Ни претстојат православните празници, Цветници,Велигден, да бидеме одговрни, совесни и човечни и да го чуваме овој простор кој е вечно почивалиште на луѓе кои му значат на семјствата во Прилеп, простор кој треба да служи за почит, а треба да биде чист и уреден а валкан и со депонија околу. И, трпението има лимит!„ пишуваат од ЈКП „Комуналец“
Гробиштата не се само простор од нашите најмили кои почиваат таму, туку и огледало на културата и совеста на живите. Секој фрлен отпад е навреда за заедничката меморија и опомена дека ја губиме човечноста. Локалните власти апелираат за поголема одговорност и свест кај граѓаните. „Гробиштата не’ засегаат сите нас, затоа што тоа е место на сеќавање, а не депонија,“ стои во реакцијата.
А, ова само посебе говори дека навистина е потребна итна промена на навиките и поголема грижа за јавниот простор. Само така ќе покажеме дека знаеме да ја чуваме тишината и достоинството на оние што веќе не се меѓу нас.

