25 C
Прилеп
петок, 19 јуни, 2026
Пела Радио

(ВИДЕО)Премиерa на „Девојките на Марко“ од театарот „Војдан Чернодрински“ во Цепенков

Премиерата на претставата „Девојките на Марко“, работена според култниот текст „Боинг Боинг“ на Марк Камолети, во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Театар „Војдан Чернодрински“ ќе се одржи утревечер (среда) од 20 часот на големата сцена во ЦК „Марко Цепенков“. Ова е  втора премиера на театарот за годинава, поддржана од Министерство за култура и туризам.

Преводот и адаптацијата на текстот ги потпишува самиот режисер Синиша Евтимов, кој најави „летен хит за прилепската публика“ и претстава што, како што рече, ќе донесе ведрина, хумор и свежина на репертоарот.

– Креиравме летен хит за прилепската публика. Ова е претстава за ведрата страна на животот, претстава која со сигурност ќе донесе свежина на репертоарот на театарот „Војдан Чернодрински“ и ќе ја полни салата – изјави режисерот Евтимов.

Сценографијата и костимографијата се дело на Илина Ангеловска, додека изборот на музиката е на режисерот.

Во претставата настапуваат актерите Наташа АчанскиЈасмина Мицовска СтанкоскаМарија Спиркоска ИлијескаЛора ШтаргоДимитар Ѓоргиевски и Илија Волчески.

Би можело да ве интересира

Гајдата и кавалот ќе засвират на Рудина во Долнени. Започнува фестивалот “Пеце Атанасоски“

Прекини во сообраќајот на регионалниот пат Прилеп – Крушево (ФИС ролер ски куп „Тоше Проески“)

Нови проблеми и најави за штрајк и протести во Еурокомпозит

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе