6.8 C
Прилеп
четврток, 14 ноември, 2024
Пела Радио

Нови проблеми и најави за штрајк и протести во Еурокомпозит

Работниците на Еурокомпозит денеска одржаа прес конференција на која упатија предупредување за повторно стапување во генерален штрајк. Причините се повеќе, но најважното е дека работниците не добиваат плата како што беше претходно договорено, а Владата сеуште не поставила нов менаџерски тим на Еурокомпозит. Работниот процес не е запрен, но доколку проблемите не се решат наредниве два дена штрајкот и протестите ќе се активираат.
-На 10 ти март ја зедовме договорената просечна македонска месечна плата, а друга плата нема според договорот со Владата. Ние работиме, вчера имавме испорака на произведеното, но немаме директор од како претходниот си поднесе оставка на 29 ти март. Немаме никакво известување од Владата, ниту назнака дали е прифатена оставката. Ништо не е решено од договореното со Владата за редовна исплата на плата и решавање на нашиот проблем во рок од 6 месеци. Бараме за два дена да се изнајде решение, во спротивно од понеделник ќе продолжиме со протести, блокади, а сме одлучни да одиме повторно да протестираме пред Владата, вели Роберт Богданоски – претседател на синдикалната организација на Еурокомпозит.
Мора системски да се решаваат проблемите, затоа што веќе изминаа месец и половина од предвидениот 6 месечен рок, потенцира Лазар Ангелески претставник од Сојузот на синдикатите на Македонија, кој додава дека не е покренато ниту прашањето на технолошки вишок, бидејќи практично нема кој да го покрене.
Работниците бараат итна средба со премиерот Зоран Заев, а синдикалците апелираат проблемот да се реши во најскоро време. Работниците се решителни дека за своите права тие повторно ќе стапат во генерален штрајк и ќе излезат на протести, доколку за 48 часа не се изнајдат решенија за новите проблеми.

Би можело да ве интересира

Дневен корона биланс: Од 191 нови случаи, 13 се во Прилеп

Гордана Цветаноска

Невладината ЦГИ донираше 34 таблет компјутери за учениците од Прилеп и Долнени

Гордана Цветаноска

Пратеничката Кети Смилеска e заразена од кронавирусот

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе