Подружницата на Македонски пошти – Прилеп ги доби 4 поштенски возила како дел од 100 поштенски возила, донација од Владата на Репубилика Македонија наменета за Македонски пошти, со цел подобрување на нејзините услуги.
Оваа донација ќе ни’ биде многу од корист, бидејќи во последните 10 години немавме инвестиција во возниот парк, што ни’ е неопходно за секојдневното работење и извршувањето на нашите услуги према граѓаните. А, според обемот на работа одлучивме, како управен одбор и како менаџмент, да одвоиме четири возила за подружница Прилеп. Се надевам дека и во наредните месеци ќе имаме други инвестиции во Прилеп. Се оваа донација се золемува ефикасносат на работа на Македонски пошти, бидејќи недостогот на транспортните возила беше еден проблем. Но, сметам дека и со промена на законската регулатива, работа на Македонски пошти ќе се подобри. Има околу 37 приватни пошти чие работење не е регулирано и создава одредени тешкотии при работата поштата како јавен сервис на граѓаните. Сметам дека со новото законско решение ќе се воспостви ред во поштенската сфера. – рече генералниот директор на Македонски пошти, Орхан Куртиши при примопредавањето на возилата во Прилеп.

Возилата се “фијат“ и се најново производство. Истите се опремени со најсовремена опрема и со нив 100% ќе бидат подобрени условите за работа на возачите . Носивоста на возилата се 750 кг, доволно да се опслужуват комплетно сите услуги коишто ќе ги дава Македонска пошта према граѓаните на општина Прилеп. Наскоро ќе воведеме новини и во возилата и во товарниот дел, камери за да може да се следат пратките 24 часа од приемот во пошта, транспортот, до конечната испорака до корисникот на нашата услуга и со тоа мислам дека ќе се подобри и квалитетот на услугата , и за поштинските работници, и на странкита,’ истакна заменик генералниот директор на Македонски пошти, Николчо Угринов.

Директорката на Македонски пошти – подружница Прилеп, Милена Јованоска, се заблагодари на донацијата и нагласи дека новите возила ќе значат ефикасност, но и безбедност како на вработените, така и на побрза и поквалитетена доставува на пратките. Таа ја истакнавме важноста од континуирани инвестиции и модернизација на поштенските услуги, како значаен сегмент во подобрувањето на јавниот сервис
Со оваа инвестиција и наредниве инвестиции кои се планирами за нашата подружница од старна на Македонски пошти и Владата можам да кажам ќе ја вратиме довербата кај граѓаните како најсигурен, најбезбеден и единствен поштенски сервис за граѓаните на Република Македонија.„- истакна Јованоска

Градоначалникот на Прилеп , Дејан Проданоски во оваа прилика изрази надеж дека зградата на подружницата на Македонски пошти во Прилеп, наскоро ќе биде реновирана, бидејќи таа е репрезентативен објект во центарот на Прилеп изграден ов прилепски мермер.
„Се надевам дека ова исклучително архитектонско здание ќе го препознае раководството на Македонски пошти за да го реновира, бидјеќи веќе постои потреба добро да се одржува. Ние како локална самоуправа стоиме да понудиме комплетната поддршка од административно-технички дел и да за со заеднички сили да го возобновиме ова навистина убаво здание. Ги осудувам сите оние кои го уништуваат овој прекрасен објект во централното градско подрачје . Ние сме една од ретките општини што има вака убав објект и репрезентативен особено затоа што неговата фасада е украсена со каменот којшто во изобилие го имаме во нашата околина – белиот прилепски мермер.

И, директорот Македонски пошти Куртиши изрази жалење за немилиот настан кој се случи неодаман, кога непознат сторители го украл бакарниот покрив од објектот на подружницата и укажа на важноста од грижата и чувањето на јавните објекти сопственост на државата.
„За жал тука во Прилеп имавме една немил настан , кражба што се направи на покривот. Но, веќе се известени и полиција и компетентните органи и мислам дека ќе постапат по ова прашање затоа што јавние објектите се на државата, а не се на граѓаните“. рече тој
Инаку, подружницата на Македонски пошти во Прилеп брои 65 вработени, кои даваат услуги на четири општини ; Општина Прилеп. Општина Кривогатшани, Општина Долнени и Општина Крушево Директорот на Македонски пошти при посетата на Прилеп најави и инвестиција во самиот објект, во кој не е инвестирано повеќе од три децении, но и кадровска реорганизација, бидјеќи како што истакна тој,иако Макеодо=н=онски пошт прои 450 врабтеони, најголемиот дел се во адмистрација, а помал дел се поштенски и шалтерски работници кои главно се повозрасна категорија работници.

