
“Денеска сме во општина Прилеп во која што веќе се дистрибуирани 4.159 зелени канти, 4,159 жолти канти , како и 63 зелении 63 жолти контејнери. Знаеме дека Прилеп е лидер во селекцијата на отпад и се надевам дека и понатаму ќе биде предводник и пример во целата држава. Исто така, како дел од овој проект општините добиваат и камиони за отпад. Во Прилеп се веќе стигнати три камиони за отпад, а од Министерството, општина Прилеп треба да добие девет камиони за отпад. Воедно, во Прилеп веќе се планирани и 48 полуподземни контејнери во вредност од 18 653,899 денари, средства од Владата преку Министерство за животна средина доделени на општина Прилеп. Планирано е до почетокот од есента веќе ќе може и овие полуподземни контејнери да бидат поставени во општината. А, поддршката на Министерство за животна средина и просторно планирање на општина Прилеп, па и на другите општини и во управувањето со комуналниот отпад е континуирано. Тука, би сакала да нагласам дека ние как оминистерство сме главен финансиер на фабриката за отпад , со доделени 90 милиони денари, за која што се надевам дека за многу кратко време ќе профункционира“ искакна заменик министерката за животна средина, Ане Лашкоска, која нагласи дека веќе нареднаа година ќе започне постапката за изградба на регионалнат депонија во Новаци
“Ние како министерство и како влада сме оптимисти дека крај на година, евентуално почеток на 2027 ќе биде распишан тендерот за изградба, а побргу од изградбата на регионалната депонија ќе биде пуштен тендерот за изградба на претоварните станици од којашто уште една претоварна станица ќе биди токму во Прилеп. Паралелно со изградбата на депонијата, ќе биди и граден нов локален пат, за да во општините што гравитираат околу местото каде што ќе биди депонијата, воопшто не влегува ниту еден камион. Планот е патот да се гради паралелно со депонијата од причина за патот да не се оштетува додека трае изградбатата.’ појасни Лашкоска

Градоначалникот на Прилеп при оваа прилика упати апел до граѓаните да го чуваме чист Прилеп.Тој нагласи дека веќе е во на изработка нна нов комунален ред, кој треба да го почитуваат сите граѓани на Прилеп и декаопштината работи на зголемување на бројот на комунални редари

Кантите од 120 литри за домаќинствата би се искористиле за домаќинства, онаму каде што не сме ја докомплетирале обврската да им дадеме основни предуслови за да почнат со примарна селекција на отпадот. Тука се и возилата, три досега доставени, едно е регистрирано и може да се стави во функција. Очекуваме уште шест други кои што значително ќе ги подобрат условите за работа на ЈКП “Комуналец“ – Прилеп. Се надевам со зголемена свест на нашите сограѓани во идниов период да имаме се помалку отпад околу контејнерите во градов. Еве, ја користам приликава и да апелрилар, да си го задржиме приматот на најчист, најзелен град и сите да учествуваме подеднакво во креирањето на општата слика за нашиот град, односно ги замолувам сите наши сограѓани, сите компании да го почитуваат комуналниот ред којшто го имаме. Во фаза на изработка сме на и нова одлука за комунален ред. Доставена е до сите јавни комунални претпријатија и препорачувам, кога ќе биде донесен од страна на советот на општина Прилеп, да биде дословно почитуван. А, како општина Прилеп ние ќе работиме во овој летен период на зајакнување на капацитетите на инспекторатот кој што е една од најважните алатки за подобрување на општите услови за чист град“ рече Проданоски

Тој ја нагласи и важноста на фабриката за секундарна селекција на отпад за почита животна средина,истакнувајќи дека Прилеп е прва општина на Балканот која има фабрика за секундарна селекција на отпад
“Таму ги правиме последните чекори за да се донесе електрична енергија, да се стави во под напон, да се проба и конечно да се потпишат договорите и да се исплатат траншите кон изведувачите и на градежните работи и на машинскиот дел што значи дека Прилеп ќе стане прва општина на Балканот којашто има во сопственост фабрика за секундарна селекција на отпад и понатаму почнавме веќе преговори со еден консултант да се вклучиме во една мрежа да Прилеп во 2028 година добие европски зелен лист. Тоа е уште едно признание како она што го добивме во 2021 година од Европската Комисија за „Зелен град“. Јас искрено се надевам на побрза изградба на регионалната депонија која што треба да се најдува овде во Пелагонискиот регион и со тоа конечно Прилеп да го надмине проблемот со собирање и со одлагање на отпадот на долг рок,“ посочи Продансоки

“ЈКП Комуналец и општина Прилеп преку Министерството за животна средина обезбедивме 126 контејнери од 1.1 метар кубен за селекција на мешан комунален отпад пластика и хартија и 8318 канти за селекција на мешан комунален отпад и пластика и контејнерите од 1.1 метар кубни ќе бидат распределени во централниот дел од градот.Ќе бидат замене оние стари дотрајни и оштетени контејнери со нови, а додека кантите од 120 литра за домаќинства ќе бидат доделени бесплатно за оние домаќинства коишто воопшто немаат канти за селекција на отпад.“,потенцира директорот на ЈКП “Комуналец“, Љубиша Јованоски

