18.4 C
Прилеп
недела, 21 јуни, 2026
Пела Радио

Јапонското мото е „остави го местото почисто отколку што си го нашол“, а нашето кое е…?!

Елизабета Филипоска /новинар/

„Ако сме доволно одговорни да го користиме јавниот простор, треба да бидеме доволно одговорни и да го оставиме чист зад себе.“

Мундијалот и неговите куриозитети …За мене најголем е оној на Јапонците. И, на ова Светското првенство во фудбал, сликата за јапонските навивачи кои носат плави кеси со кои навиваат, па потоа ги користат за собирање на отпадот на трибините, воодушеви. (Дури и фудбалерите во соблекувалните го вратиле просторот како што го добиле – чист и уреден.)  Прашањето постојано ми лебди во воздух по оваа слика “Како можат Јапонците, а ние не можеме ?“  “Како кај нас постојано се бараат изговори дека јавениот простор треба другите да ни’ го исчистат, а  кај некои народи тоа е дел од нивното домашно воспитување и образовен систем? Каде грешиме?!

И, додека по секој јавен настан, натпревар или собирање кај нас најчесто се слуша забелешката „нека исчисти Комуналец“, во многу земји постои поинаков пристап. Таму граѓаните сметаат дека секој е одговорен за просторот што го користи и дека отпадот што го создава треба самиот да го собере.

Посебно впечатлив е примерот на Јапонците, кои по спортски натпревари и масовни настани остануваат на трибините за да го соберат отпадот зад себе. За нив тоа не е организирана акција или маркетиншки потег, ниту пак обид за привлекување внимание, туку дел од секојдневната култура и воспитување. Чистењето кај нив се смета за знак на почит кон заедницата, кон другите луѓе и кон јавниот простор.

(Мало, корисно истражување) Еве на што сè се должи овој феномен:

На Шинито традицијата каде во јапонската домородна религија (шинто), чистотата е поврзана со духовната рамнотежа, додека нечистотата се поистоветува со несреќа и негативна енергија.

Во образовен систем каде учениците секојдневно ги чистат училниците и ходниците. Овој концепт, познат како „осоџи“, ги учи децата на одговорност и почит кон трудот.

И, на јавна свест! Јапонците се воспитувани со мотото „остави го местото почисто отколку што си го нашол“. Ова е причината зошто дури и на стадионите, гледачите носат кеси за ѓубре и ги собираат отпадоците по натпреварот.

И, ова не е првпат јапонските фанови да го привлечат вниманието на светската јавност со ваквиот гест. Истото го направија и на Светското првенство во Катар во 2022 година, во Русија во 2018 година, како и на Мундијалот во Франција во 1998 година.

Не знам дали нешто ќе се семни кај нас! Но, оваа секогаш ме воодушевувално кај јапонските навивачи! Кај нас, за жал, преовладува мислењето дека одржувањето на чистотата е исклучиво работа на комуналните служби. Но, мора да признаеме , ниту едно јавно претпријатие не може да ја одржи средината чиста ако граѓаните несовесно фрлаат отпадоци по улиците, парковите и излетничките места.

Работниците од Комуналец имаат обврска да го собираат отпадот и да ја одржуваат хигиената, но тие не можат да бидат замена за личната одговорност. Доволно е секој да го собере отпадот што самиот го направил, да го фрли во корпа, контенијер или да го понесе со себе доколку нема соодветно место за одлагање.

Чистата средина не е само заслуга на комуналните служби, туку огледало на културата на едно општество и луѓето кои живеат во таа заедница. И, наместо постојано да бараме некој друг да чисти по нас, (со изговор дека плаќаме за тоа ) време е да ја прифатиме едноставната поука: ако сме доволно одговорни да го користиме јавниот простор, треба да бидеме доволно одговорни и да го оставиме чист зад себе. Само така ќе изградиме средина во која редот и грижата за заедничкото добро ќе бидат навика, а не исклучок.

Опшеството ќе ни’ напредува тогаш кога ќе престаниме да прашувме „Кој ќе исчисти?“ , туку кога ќе почнеме да велиме „Јас нема да извалкам!„

Би можело да ве интересира

Фудбалска сезона за заборав – „Збогум Победa, добредојде сивило”

Никола Димески

ВО ПРИЛЕП НЕ Е ПРОБЛЕМ, А СЕ’ Е ПРОБЛЕМ (28)

Мицкоски по враќањето од САД – Пркосот на вистината и евроинтеграцијата

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе