Втор концерт од проектот „Од нула до култура“ ќе се одржи в четврток на 25 ти јуни од 21 часот на камената бина од плоштадот Александрија во Прилеп. Ќе се претстави бендот КНАП составен од една девојка и неколку момци, кои едноставно обожаваат добра забава.
За нив жанровите не се важни, од поп и рок до најголемите хитови кои ги знаете. Нивната единствена цел е публиката да биде среќна, на нозе и да пее со нив.
Бендот ќе проба да ја оживее суровата емоција, џез-магијата и препознатливиот ретро-звук на неповторливата Amy Winehouse. Со огромна почит кон нејзиното творештво, во живо ќе ги пренесат безвременските хитови како „Back to Black“, „Rehab“ и „Valerie“.
Бендот „КНАП“ го сочинуваат:
• Ана Цветаноска – вокал
• Димитар Колевски – бас-гитара
• Стефан Самарџиоски – тапани
• Леонид Гешоски – гитара
• Ана Цветаноска – вокал
• Димитар Колевски – бас-гитара
• Стефан Самарџиоски – тапани
• Леонид Гешоски – гитара
• Леонид Насески – клавијатури.
Програмата опфаќа околу 10 засебни музички настани во текот на летото.

