ПРИЛЕП – Група млади луѓе одлучија џабе да работата, но џабе да не седат,па тргнаа кон акција за уредување и разубавување на јавните површини во градот. Решија да делуваат, а не само да дискутираат околу (не) уреденоста на јавните површини во Прилеп.

Иницијативата започна од рачистување на дворот на интернатот “Орде Чопела“. Потикнат од желбата да делува, Илија Анѓелески ги контактирал организаторите на новата прилепска група #Moj Прилеп, формираана за почист град, и ги информирал дека заедно со неговиот брат започнауваат со расчистување на дворот на Интернатот „Орде Чопела“. Искористувајќи го слободното попладне, на акцијата им се придружиле Васко Биковски, Илија Бикоски, Јован Даноски, Дарко и Давид Карапеев, кои со заеднички сили помогнале во расчистувањето на овој простор.

Во акцијата учествувала и дополнително се ангажирала и екипа од интернатот, која работела на отстранување на обраснатите капини со моторна пила, со што значително бил олеснет процесот на расчистување.

Иако работата не е целосно завршена, најголемиот дел од отпадот и вегетацијата е расчистен и собран на купови. Според најавите, екипите на ЈКП „Комуналец“ ,утре, понеделник ќе го подигнат и транспортираат собраниот отпад.
Учесниците во акцијата истакнуваат дека особено ги радува фактот што нивната иницијатива позитивно влијаела и врз жителите од околните куќи. Поттикнати од акцијата, дел од соседите ги уредиле своите дворови, тревници и дрвја кои граничат со просторот на интернатот.

Организаторите најавуваат дека ова е само почеток на серијалот работни акции и упатуваат порака до сите, дека со заедничка работа и добра волја може да се придонесе за почиста и поубава животна средина.

