ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Аплицирајте за клима инвертер и велосипед, ова се условите:

1.412

Врз основа на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Oпштина Прилеп за 2020 број 09-4376/10 од 26.12.2019 година(Службен гласник на Општина Прилеп бр 19/2019)а согласно Правилникот за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп за субвенционирање /надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на ОпштинаПрилеп за купување клима уред-инвертери и купување велосипеди за 2020 година број 09-589/29 од 11.02.2020 година (Службен гласник на Општина Прилеп бр.3/2020)Општина Прилеп објавува

ЈАВЕН ПОВИК бр.02/2020
за субвенционирање /надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување клима уред-инвертери и купување велосипеди за 2020 година

  1.Опис на јавниот повик
1.1.Општина Прилеп со цел да ги стимулира жителите на Општина Прилеп за примена на клима уреди-ивертери за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, како и да ги стимулира жителите на општина Прилеп за користење на велосипеди, на жителите кои имаат купено клима уред-инвертер и на жителите кои имаат купено велосипед ќе им надомести дел од трошоците :
– до 50% од вредноста на купениот клима уред-инвертер, но не повеќе од 10.000 денари во нето износ по лице/ домаќинство, за купување клима уред- инвертер во период од денот објавувањето на јавниот повик, а најдоцна до денот на завршување на јавниот повик, односно до искористување на предвидените средства, за барателите кои ги исполниле критериумите согласно јавниот повик.
– до 50% од вредноста на купениот велосипед, но не повеќе од 5.000 денари во нето износ по лице/домаќинствоза купувањена велосипедво период од денот објавувањето на јавниот повик, а најдоцна до денот на завршување на јавниот повик, односно до искористување на предвидените средства,за барателите кои ги исполниле критериумите согласно јавниот повик.
Персоналниот данок на доход паѓа на товар на исплаќачот.
1.2.Јавниот повик трае од денот на објавувањето од 03.03.2020 година заклучно со 03.04.2020 година, односно до искористување на предвидените средства, до кога и ќе можат да се достават барањата.
1.3.Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“
1.4.При констатирање на целосна реализација на предвидениот буџет, Општина Прилеп веднаш ќе ја извести јавноста дека согласно принципот „прв дојден, прв услужен“повеќе нема да прима барања по однос Јавниот повик, и известувањето ќего објави на својата Веб страна www.prilep.gоv.mk , во електронските медиуми и огласна табла во Општина Прилеп.
1.5 Јавниот повик е објавен на ВЕБ страната на општина Прилеп www.prilep.gov.mk, во два печатени и електронски медиуми и на огласна табла во Општина Прилеп
2.Право на учество на јавниот повик
                                                             I
За субвенционирање/надоместок на дел од трошоци на граѓаните за купување на клима уреди-инвертери за 2020 година
2.1.Право на учество на овој јавен повик имаат Жителите на Општина Прилеп/сопственици на станбен објект на подрачје на општина Прилеп кој купиле/ќе купат клима уред-инвертер во периодот од денот на објавување на јавниот повик од 03.03.2020 година, а најдоцна до денот на завршување на јавниот повик 03.04.2020 година, односно до искористување на предвидените средства, и кои ќе достават навремено и комплетно барање согласно условите на јавниот повик.
Услови кои треба да ги исполни барателот за надоместување на дел од трошоците за купување на клима уредот-инвертер:
• Да е жител на Општина Прилеп/сопственик на станбен објект на подрачје на општина Прилеп каде е инсталирана/ќе се инсталира клима уредот-инвертер.
• Клима уредот – инвертер да го купил по објавување на јавниот повик;
• Да има платено данок на имот за 2019 година за станбениот објект каде е/каде ќе се инсталира климата.
• Само еден член од семејството може да поднесе барање за добивање надоместок исклучиво за набавка на еден клима уред- инвертер.
• До поднесувањето на барањето да биде корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут.
• Да нема искористена субвенција за истата намена од било кој извор во Република Северна Македонија.

За докажување дека условите за учество се исполнети , барателот за надоместување на дел од трошоците до Општина Прилеп ги доставува следните документи:
• Барање за надоместок (барањето може да се подигне во Општина Прилеп или од Веб страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk  )
• Фотокопија од важечка лична карта на барателот
• Имотен лист за станбениот објект со адреса на објектот во кој е инсталирана/ќе се инсталира клима уредот-инвертерна подрачје на Општина Прилеп
• Доказ дека е извршено купување на клима уред – инвертер и тоа оригинал фискална сметка или фактура со извод од деловна банка за извршената уплата со датум во период од денот на објавување на јавниот повик до денот на завршување на јавниот повик.
• Фотокопија од трансакциска сметка
• Потврда за платен данок на имот за 2019 година за објектот, кој е впишан во имотниот лист каде е инсталиран клима уредот-инвертер
• Изјава заверена на нотар (образецот на изјавата може да се подигне во Општина Прилеп или од Веб страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk) со која барателот под полна материјална и кривична одговорност ќе потврди дека:
-до поднесувањето на барањето бил корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут
– друг член од семејството нема поднесено барање за добивање на субвенции
– дека не искористил субвенција/ надомест на дел од трошоци за истата намена од било кој извор во Република Северна Македонија
II
За субвенционирање/надоместок на дел од трошоци на граѓаните за купување на велосипеди за 2020 година
2.2 .Право на учество на овој јавниот повик имаат жителите на Општина Прилеп кој купиле/ќе купат велосипед во периодот од денот на објавување на јавниот повик од 03.03.2020 година, најдоцна до денот на завршување на јавниот повик 03.04.2020 година, односно до искористување на предвидените средстваи кои ќе достават навременои комплетно барање согласно условите на јавниот повик.
Само едно лице од семејството може да поднесе барање за добивање надоместок исклучиво за купување на еден велосипед .
Услови кои треба да ги исполни барателот за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците за купување на велосипеди:
• Да има живеалиште на подрачјето на општина Прилеп
• Велосипедот да го купил по објавување на јавниот повик
• Да нема искористена субвенција за истата намена од било кој извор во Република Северна Македонија.

За докажување дека условите за учество се исполнети , барателот за надоместување на дел од трошоците до Општина Прилеп ги доставува следните документи:
• Барање за надоместок (барањето може да се подигне во Општина Прилеп) или од Веб страната на Општина Прилеп.
• Фотокопија од важечка лична карта на барателот
• Фотокопија од трансакциска сметка
• Доказ дека е извршено купување на велосипед и тоа оригинал фискална сметка или фактура со извод од деловна банка за извршената уплата со датумво период од денот на објавувањето на јавниот повик до денот на завршување на јавниот повик.
• Изјава заверена на нотар (образецот на изјавата може да се подигне во Општина Прилеп или од Веб страната на Општина Прилеп www.prilep.gov.mk) со која барателот под полна материјална и кривична одговорност ќе потврди дека :
– друг член од семејството нема поднесено барање за добивање на субвенции
– дека не искористил субвенција/ надомест на дел од трошоци за истата намена од било кој извор во Република Северна Македонија.
3.Начин на пријавување на јавниот повик
3.1.Барањето за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните за купување клима уреди-инвертериза 2020 година,физичките лица го поднесуваат заедно со комплетната документација до Општина Прилеп на адреса преку Архивата на Општина Прилеп до Комисија за спроведување на постапка за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување клима уреди-инвертери за 2020 година во затворен плик со намена “Јавен повик за субвенции/ надомест на дел од трошоци за клима уреди-инвертери“/со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“, име и презиме и адреса на барателот.
Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок за еден клима уред-инвертер.
3.2. Барањето за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните за купување велосипеди за 2020 година , физичките лица го поднесуваат заедно со комплетната документација до Општина Прилеп на адреса преку Архивата на Оштина Прилеп до Комисија за спроведување на постапка за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување велосипедиза 2020 година во затворен плик со намена “Јавен повик за субвенции/ надомест на дел од трошоци за велосипеди“/ со назнака „НЕ ОТВОРАЈ“, име и презиме и адреса на барателот.
Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на надоместок за еден велосипед
3.3. Пристигнатите барања во архивата на Општина Прилеп ќе бидат евидентирани и заведени со точен датум и време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување на редослед по кој ќе се разгледуваат барањата. Доставување на барањето може да се изврши во периодот од 10:00 часот до 14:00 часот секој работен ден од (понеделник – петок)

4.Начин на спроведување на јавниот повик
4.1.Градоначалникот на Општина Прилеп формира Комисија за спроведување на постапка за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување клима уреди-инвертери за 2020 година и Комисија за спроведување на постапка за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување велосипеди за 2020 година.
4.2.Комисиите за спроведување на постапката за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп ќе ги разгледаат пристигнатите барања и документацијата во прилог со цел да утврди дали истите се уредни и комплетни.
4.3.Општина Прилеп односно Комисиите го задржуваат правото да извршат посета во домаќинствата кои ќе поднесат барање по Јавниот повик.
4.4.Комисиите за спроведување на постапката за субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците ќе состават записник од прегледот на сите пристигнати барања и ќе достават предлог за субвенционирање/надомест на дел од трошоците или одбивање на барањето.
4.5.Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до искористување на предвидениот буџет за соодветната намена.

5.Начин на остварување на правото на надоместок
5.1.Врз основа на предлогот на Комисиите, Градоначалникот на Општина Прилеп ќе донесе Решение за одобрување/одбивање на барањето.
5.2. По завршувањето на постапката ќе се изготви финална листа на баратели кои го остваруваат правото на субвенционирање/ надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување клима уреди-инвертери за 2020 годинаи финална листа на баратели кои го остваруваат правото на субвенционирање/ надоместување на дел од трошоцитена граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди за 2020 година кои ќе бидат објавени на Веб страната на Општина Прилеп и огласна табла на Општина Прилеп .

 

Општина Прилеп

Секретар на Општина Прилеп

Александра Кокароска

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: