ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„ЧЕ ВРЕДИ“ НОВ ПРОЕКТ: ЕЛЕКТРОНСКИ СИСТЕМ ЗА ПРИЕМ И СЛЕДЕЊЕ НА ПРЕДМЕТИ

571

Од независната иницијатива „Че вреди“ промовираат проект за електронски систем за прием и следење на предметите во администрацијата. Во што се состои електронскиот систем и на каков начин би функционирал:

„ Ќе воведеме електронски систем за прием на барања и можност за следење на работата на административните работници врз предметите од страна на барателите.

Систем кој овозможува заведување на барањата на граѓаните, автоматска распределба на предметите на административните службеници, следење на движењето на предметите, управување со документите, заведување на ургенциите, поплаките, жалбите и тужбите против одлуките на општината и создавање складиште на статистички податоци за евалуација на квалитетот на одлуките на општинската администрација и стручноста на административните работници.

– За да нема оправдувања и изговори за нерешените барања со месеци и години
– За навремено да ја детектираме нестручноста и неработењето на општинската администрација

– Навремено да извршиме професионална селекција на администрацијата
– За администрација која знае и која сака да работи
– За департизација и неселективност во извршување на јавните услуги,“ стои во соопштението од независната листа „Че вреди“ за советници на Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: