30.2 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Во Кривгогаштани едни нападнале полицаец, а други украле автомобил паркиран во двор

На 19.10.2024 во 19.15 часот во Полициско одделение Кривогаштани, Д.Г. од с. Кривогаштани пријавил дека од неговиот двор било одземено неговото патничко моторно возило ,,опел омега‘‘ со прилепски регистарски ознаки. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото
На 19.10.2024 во 22.20 часот полициски службеници од  ОВР Прилеп, ги лишиле од слобода С.К. (54), Х.К. (25),Т.В. (38) тројцата од Прилеп и  М.В.(38) од с. Кривогаштани.  Имено, истите  го нарушувале јавниот ред и мир и физички нападнале полициски службеници од ОВР Прилеп при вршење на службени дејствија, а притоа упатувале навреди и закани кон истите. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од СВР Битола.

Би можело да ве интересира

Рано утрово му се запалила гаражата и му изгорел автомобилот

Пела Редакција

На полноќ прегазен пешак во Прилеп

Тешка несреќа на патот Крушево-Кривогаштани, загинаа жена и малолетник

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе