ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Еко акцијата за чистење кај вештачкото езеро, поместена за в недела

760

Дождливото и студено време е причина поради која еко акцијата „Да си го исчистиме Прилеп“  наместо  утре – сабота, се пролонгира за в недела, на 25 ти април.

Повикот за масовно учество во акцијата е упатен од иницијативата Еко свест Прилеп, до сите кои што си го сакаат родниот град, поединци, здруженија, партии за што поуспешна иницијатива в недела на 25 ти април во периодот од 10 до 15 часот.

Иницијативата за граѓански еко активизам, започна скромно преку социјалната мрежа Фејсбук од вљубеникот во природата и голем интузијаст Виктор Петроски, веќе добива на поддршка и масовност од сограѓаните, прилепчани. После двете акции на Маркукуле и кај Селце, следната цел е  излетничката локација вештачко езеро Прилеп. 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе