ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Гламурозно испратена уште една генерација матуранти на СОУ „Наум Наумоски Борче„-Крушево

3.298

Крушевски матуранти од СОУ “Наум Наумоски Борче“  вечерва  на градскиот плоштад „Никола Мартиновски“ зачекорија на црвениот тепих, каде беа пречекани од градоначалникот на Крушево,Томе Христоски, од своите наставници и пријатели. И, оваа година горди на своите ученици градот организира свечено  испраќање на матурантите,  (генерација 2018 – 2022),  во светот на возрасните.

Во прекрасни вечерни толети, за неколку степени поелекгантни, матурантите од СОУ “Наум Наумоски Борче“ – Крушево ,преставуваа вистинска модна атракција, на која со воодушевување гледаа  Крушевчани. Се чини цело Крушево беше на плоштад да ги погледне и поздрави крушевските матурантие од единственото, СОУ „Наум Наумоски Борче“ .

Матурската прослава продолжи во еден од крушевските хотели. Се играше, се пееше, матурантите се фотографираа и несебично го прикажуваа својот стајлинг додека Крушевчани  љубопитно ги гледаа матурантите и матурантките кои изгледаа како да се од некој гламурозен филмски фестивал.

За секој ученик балон, шапмањ, а за младите дами ружа – џентлменски и достоинствено градоначалникот на Крушево,Томе Христоски, им ја честита матурата и им посака во иднина овие млади луѓе да станат  чесни и  образовани граѓани кои ќе придонесат за сопствен развој и развој на заедницата.

Директорот на училиштето, Снежана Миленковска и класните раководители – со најубави честитки до матурантите,за понатамошне развој –  а се другом остана да се прераскажува во Крушево. Покрај спомените од средношколските денови, дружењето, матурската забава е настан за кој уште долго време ќе се зборува и ќе остане во сеќавање на сите Крушевчани.

Со ова замина уште една генерација матурансти од СОУ „Наум Наумоски Борче “- Крушево, кое веќе се подготвува да прими нова генерација ученици, кои ќе се едуцираат ,ќе се натпреваруваат со знаења и повторно ќе бидат гордост на учичиштето и градот.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: