ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

НАШЕ А СВЕТСКО : Дванаесетгодишниот Кирил е “мераклија” за рачни изработки а креирал и направил безброј (ВИДЕО + ФОТО)

Ресен треба да се гордее на Кирил Ѓоргиоски

998

Тој има дванаесет  години а неговото секојдневие знае како да го направи креативно , тој е Кирил Ѓоргиоски од Ресен. Дете кое го исполнува правењето на рачни изработки и создавањето на еден за него креативен свет во кој можете да најдете многу  залепени шишарки , велигденски декорации, елки создадени од ламинат , украси во кои ќе видите несекојдневни велосипеди , снегулки од стиропор и уште многу материјали кои Кирил и тоа како умешно ги склопува во своја рачна изработка. Тој вели дека му треба многу кратко време за да го примени она што го гледа на видеа на интернет и тоа го решава со фантастична креација која може да трае понекогаш и само десет минути.

Ова креативно и талентирано момче ни гостуваше во нашата отворена програма РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА  и за нашиот медиум со голема возбуда ни го прераскажа неговото детско секојдневие кое исполнето со лепење , качување , коење , кроење и создавање несекојдневни рачни изработки. Не заборави и да ни каже дека за сите негови активности ја има големата подршка и од неговите родители.

 

Ние можевме да уживаме во сите изработки кои ни ги покажа Кирил а можете и вие ако го погледнете видеото.Не заборавајте сите негови дела се направени од “мерак” , желба и голема дарба вака да се “игра” со секакви материјали а на крајот да се има “супер производ” .Уживајте во видеото подолу, наше а светско , Кирил , само напред!

 

 

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе