ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Информирајте се за иднината на женското претприемништво во руралните средини

548

Кои се можностите за развој на женското претприемништво во руралните средини е тема на онлјан средбата во организација на Здружението за рурален развој ЛОКАЛНА АКЦИОНА ГРУПА АГРО ЛИДЕР Кривогаштани. Преку ZOOM платформата заинтересираните потребно да се приклучат на линкот за пристапување кон настанот https://us02web.zoom.us/j/82905540100 Meeting ID: 829 0554 0100, утре, понеделник 25 ти јануари со почеток во 11 часот.

Учество на настанот ќе земат Горан Томески од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, работна единица Прилеп, како национално советодавно тело во агросекторот, Викторија Јоновска – контролор за органско производство, како и Виктор Фичорски, претставник од ИТ сектор.

Ќе стане збор дали владините програми и мерки за поддршка на жените во земјоделскиот сектор се доволни и кои измени треба да се направат. Настанот ќе биде проследен со презентирање на придобивките од органското производство и позитивното влијание на дигитализацијата во земјоделскиот сектор за развој на женското претприемништво.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: