17.2 C
Прилеп
сабота, 10 мај, 2025
Пела Радио

Која е причината што Заев пристигна со хеликоптер во Прилеп?

Според владиниот кабинет  на повратната релација кон Скопје во хеликоптерот патуваат премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, а причината била да се заштеди време.

„Причината за користење на ова превозно средство е поврзана со обврските и агендите на премиерот и министрите и потребата од рационализација на времето, со цел секој од нив на време да ги заврши планираните теренски обврски и на време да може да се врати во Скопје за редовните владини и кабинетски обврски. Денешните летови се во рамки на обврските за задолжително исполнување работни месечни часови кои согласно стандардите важат и за пилотите и за леталата“, велат од Владата по реакциите на прилепските пратеници од опозицијата Петар Ристески и Ане Лашкоска.

Би можело да ве интересира

Проданоски: Градоначалникот не реализираше ниту едно големо предизборно верување!

Гордана Цветаноска

Соопштение: Општина Прилеп е во најдобрите 10 за управување со јавните финансии

Талевски: Грижата на СДСМ за земјоделците и земјоделството продолжува

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе