ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Крушево го одбележа Меѓународниот ден на образованието – 24 јануари

319

Крушево го одбележа Меѓународниот ден на образованието – 24 јануари, со потсетување на улогата и значењето на образованието за развој на младите луѓе,но и на проектите кои минатата година се направени за подобрување на условите за работа во училиштата.

Што направи Општина Крушево за подобрување на условите во образованието?! Во таа насока  ЛС на Општина Кушево истакна дека минатата година се направени неколку проекти за развој на образованието и најавија дека 2022 година ќе биде година на образованието  :

Меѓународниот ден на образованието го одбележуваме со неколку завршени и тековни проекти од областа на образованието. Можеме да кажеме дека вложуваме во иднината на општина и државата преку подобрување на условите за воспитно-образовниот процес. На тој начин ќе поттикнеме мотив кај младите и учениците за учење и постојана надградба, за да станат гордост на општина Крушево. 2021-ва година ја завршивме со реновирање на подрачното училиште во с. Борино. Ја започнавме реконструкција на фискултурната сала во ООУ „Никола Карев“ Крушево и целосна промена на кровната конструкција. Со право велиме дека 2022-ра година ќе биде година на образованието. Во тек е процедура за реконструкција и доградба на училиштата во Пресил и Бучин, а општината работи на проекти за реконструкција на училиштата во Алданци и Врбоец. Влогот во образованието е влог во иднината. Драги ученици, млади, Никогаш не престанувајте со учење. Чекорете самоуверено кон успехот и не подлегнувајте на неправдите. Образованието е нашата иднина.„ посочи градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: