8.7 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

На граничниот премин Богородица Цевитана ги освежува патниците

Витаминка и Кожувчанка за оние кои овие два дена го поминаа граничниот премин Богородица, подготвија освежително изненадување – подарок од два природни напитоци – Цевитана и природна Изворска вода со кои патниците можат да се освежат додека чекаат да се завршат граничните формалности. Или, пак, да ги понесат со себе и да уживаат во освежувањето попатно или додека престојуваат на некое од одбраните места за одмор.
Консумирањето на поголема количина на течности е задолжителна и е од исклучителна важност за човечкиот организам во летниот период. Дополнително, дневниот внес на витамини е потребен за правилно функционирање на човечкото тело и е поддршка на имунолошкиот систем.
Токму затоа Витаминка, во соработка со Кожувчанка, решија оваа потреба на патниците кои ја поминуваат границата да ја задоволат со еден ваков подарок. Нашиот познат бренд Цевитана, кој е достапен во седум вкусови (лимон, портокал, манго, ананас, грејпфрут, минт и лимон и лимон и бозел) е освежителен витамински напиток со 9 витамини (А, Б-комплекс, Ц и Е). Три до четири чаши Цевитана, подготвени брзо и едноставно, се сигурен начин за задоволување на потребите и надополнување на дефицитот од витамини во дневната исхрана. Цевитана е напиток кој содржи природни состојки без вештачки засладувачи, бои и ароми. Делотворната моќ на овој популарен витамински напиток е очигледна кај сите возрасти, а особено кај децата.
Со освежителното изненадување двата познати бренда денеска им понудија на патниците момент на уживање и освежување посакувајќи им среќен пат и убав викенд надвор од државата.

Би можело да ве интересира

На деветгодишниот Дејан му е потребна нашата помош за лекување во Турција

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО)Прекинати договорите на дело на 120 вработени во прилепската болница

Пела Редакција

ПАНАЃУР🍇🌶️ИЗБЕРИ ЗДРАВО, ЖИВЕЈ СИЛНО🫐🍎(ГАЛЕРИЈА)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе