13.6 C
Прилеп
сабота, 10 мај, 2025
Пела Радио

На првата трка на Охрид Ултра-Треил, прилепчани со медали

Прилепските планински тркачи учестувајќи на Охрид Ултра-Треил (од 18 до 20 септември ) повторно ги потврдија своите квалитети, како во женска, така и во машка конкуренција. Во женска конкуренција на денeшната ,прва трка, Летница Треил , Талија Петреска беше втор, а Ивана Настоска го освои третото место . На скопјнката Марија Пеликон, и припадна првото место.

Во машка конкуренција,пак, Илија Пајмакоски прв, Златко Николоски од Кочани втор, а Марио Котески трет.

Трката (18 км / 750 м+) Летница Треил, стартуваше во селото Рамне и кое на учениците му нуди панорамски слики од градот Охрид, Охридското Езеро и планината Јабланица, но и ги предизвикува на брза трка до последниот чекор низ целта, во градот Охрид ,покрај градскиот плоштад. На трката учестуво 200 љубиели на трчањето/

Охрид Ултра-Треил е меѓународен спортски настан во природа кој се одржува еднаш годишно во Националниот Парк Галичица и Преспанско-Охридскиот регион. Трката опфаќа 3 трки во планинско трчање „Ohrid ultra trail“ ,трка долга 107 km, 5000+, потоа „Galicica ultra trail“ 66km / 3350+ и денешната трка „Letnica trail“ 18 км / 750 м+ . Охрид Ултра-Треил е спортски натан кој трае три дена од 18до 20 септември .

Би можело да ве интересира

Страшо Илиески ќе го предводи РК Прилеп

Пела Редакција

Радио Пела – Бродац 1:1 на футсал турнирот „Љубомир Рајчевски Рајче“

Елизабета Филипоска

ДЕСПИНА МУ ЗЕДЕ БОД НА ФАВОРИТОТ БОРЕЦ

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе