18.3 C
Прилеп
вторник, 13 мај, 2025
Пела Радио

На Селечка на помош авиони за гаснење пожар од Дирекцијата за заштита и спасување.

Со пожарот е зафатена густа борова шума која се протега веднаш над манастирот Св Димитрија, а покрај екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Прилеп, на терен излегоа стотина вработени во јавните претпријатија, како и поголем број на доброволци,бидејќи огнот се шири со голема брзина.

 

 

На помош пристигнаа и авионите за гаснежење пожар од Дирекцијата за заштита и спасување.

 

 

За брзо време пристигна возило на ТППЕ кое беше поставено во дворот на манастирот ‘Св.Димитрија’, затоа што пожарот веќе беше стигнат на педесетина метри од манастирот. Од Дирекцијата за заштита и спасување веднаш побаравме воздушна поддршка за гаснење на пожарот, стапивме во контакт и со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Ни беше одговорено дека авионите веднаш ќе бидат испратени и, како што видовте, тие пристигнаа и заедно со пожарникарите, стотината вработени во јавните претпријатија и доброволци, се вклучија во гаснење на пожарот“, изјави градоначалникот Илија Јованоски кои заедно со Претседателот на Советот, Миле Талевски пристигнале на опожарените места

Би можело да ве интересира

Ристески: Ветуваме опоравување на земјоделството и на руралните средини

Пела Редакција

Прилеп, во спомен на Карпалак, 17 години подоцна…

Елизабета Филипоска

Блокада на патотот Градско – Прилеп кај Сирково

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе