29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Блокада на патотот Градско – Прилеп кај Сирково

Фото преземено од makpress.mk

Со блокада на градежната механизација која работи на патот Градско – Прилеп, утрово, на пат кон село Сирково, жителите излегоа со барање за  приклучок кон брзиот пат Градско – Прилеп. Исто така, тие  бараат целосно асфалтирање на приодите кон селото,  оштетени со градбата на патот,  откако ќе заврши неговата изградба. Селото Сирково има над 500 жители,  но редовно доаѓаат викендаши и посетители , велат жителите кои го блокираа работењето на патот Градско –  Прилеп, но ги пропуштаат сите возила за  непречено движење на сообрајќајот.

Жителите кои излегоа на мирен протест,велат дека тоа што нема селото приклучок кон новиот пат, ќе мораат да вртат петнаесетина километри до Градско за Скопје , а за Прилеп, треба да одат преку Дреново, а  до таму имаат тринаесетина километри повеќе.

„И, ние имаме право, велат жителите од Сирково ,  на тој приклучок, за да ги користиме придобивките на новиот пат, за полесна и побрза комуникација со другите населени места во државата, а не да останеме да го гледаме на околу двеста метри патот, а да не можеме да го користиме.„

Жителите на Сирково на протестот упатија барања до Министерство за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта и нагласија дека блокадата на механизацијата ќе трае се додека не се надмине проблемот.

Преземено од makpress.mk (можете да го прочитате оргиналниот текст тука:) Блокада на патот Градско -Прилеп 
Фото: Преземено од makpress.mk

Би можело да ве интересира

Уапсени двајца прилепчани за намерно опожарување возило

Две момчиња тешко повредени кај Дебрешки мост, долненско

Во тек подготовките за Водици 2024 во Прилеп – пријавувањето на 11ти и 12ти јануари

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе