ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Дупло дно„ се најде на театарската прилепска сцена – премиерата е викендов

406

Нов театарски предизвик креира прилепскиот театарскиот ансамбл „Војдан Чернодрински„ со поставување на драмта „Дупло дно„ од Горан Стефановски, на својата театарска сцена. Премиерата е во сабота, на 28 -ми мај, а интересот кај театарската публиака за новата престава, голем.

 

Режисерот , Наташа Поплавска посочи дека во „Дупло дно“ од Стефановски  го отвора прашањето како уметничката стварност денес кореспондира со реланоста. Таа го прикажува лажниот ангажман на уметниците кои се борат за “уметничката слобода”, а всушност се борат за позиција на министри за култура со цел да ги задоволат своите лични интереси и заработки, така што чистата уметност станува памфлет за статус.

„Од денешен аспект и времето во кое живееме, ние го доживеавме живеењето во нашите сопствени скривници, односно домови, за време на пандемијата, се случува и војна, која се плашиме дека ќе се шири , живееме во континуиран стрес со години . Од мојот аспект, она што го напишал Горан Стефановски, дека ние сме  постојано во скривница, (во нашите глави), како што вели Горан „во нашита срца„ кои се прилично затворени,  младите  се се’  почесто во депресија , се борат со барање на себе си „кај се, каде припаѓаат и што треба да направат„. Токму тоа, ќе го видите и во нашата претстава. Со актерите на сцена зборуваме дека денеска многу уметници ја заборавија својата слобода и засегнаа по власт, не правејќе никакви промени во уметноста„-  истакна режисерката ,  Наташа Поплавска говорејќи за преставата „Дупло Дно„  во изведба на прилепскиот театарски ансамбл

Поплавска во оваа престава го следи Стефановски и во идејата дека само оној што ќе успее да се спои со своето дупло дно, може да создава вистинска уметност. Со својата режиска постапка таа се обидува да ја погледне драмата како реално шоу со музичка свита ставајќи ја актерската игра пред камери, додавајќи музичари раководени од композиторот Ристо Вртев. Таа истовремено дава можна разрешница на расправијата помеѓу уметникот и власта со поништување на претходните системи и идеологии, оставајќи надеж за уметноста преку ликот на депресивната ќерка, балерината Кристина на која и се отвора можност да прерасне во вистинска уметница. Единствено таа ја започнува позитивната промена со новата заклетва за уметникот кој не припаѓа никому и стои на работ на ништо, што воедно е и последната реч на Стефановски за позицијата на уметникот во општеството.

Режисер, дизајн на сцена и костими: Наташа Поплавска Композитор: Ристо Вртев, Драматург: Ивана Нелковска Дизајнер на светло: Милчо Александров ,Дизајн на плакат и програма: Бојана Артиновска – Трпческа

Играат:
КАТЕРИНА ЧАКМАКОСКА-КЛИНЧЕСКА – Кристина
ДАНИЕЛА ИВАНОСКА – Параскева
ДИМИТАР ЃОРЃИЕВСКИ – Божо
ИГОР ТРПЧЕСКИ – Јаков
ЗОРАН ИВАНОСКИ – Лудакот
МИХАЈЛО МИЛЕНКОСКИ – Нове
Дупло дно бенд:
Томе Темелкоски – гитара, звучни ефекти;
Методија Костоски -клавијатури, звучни ефекти , бас гитара;
Ана Митоска – пијано, ксилофон, вокал;
Филип Јездиќ – тапани, перкусии

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: