12.4 C
Прилеп
петок, 25 октомври, 2024
Пела Радио

Новаци домаќин на Летен фолк хит на Македонија (ГАЛЕРИЈА)

Во рамките на овогодинешната манифестација Културно – забавно лето во општина Новаци се одржа завршниот настан Летен фолк хит на Македонија. На вечерта учество зедоа голем број фолк естрадни уметници. Покрај тоа, оваа музичка манифестација беше збогатена со популарната хумористична група „Солзи и смеа“ од Битола, која до солзи ги насмеа присутните.
Инаку, оваа година Културно забавно лето во Новаци започна од 27 ми јули со модна ревија за деца и возрасни, на 7 ми август се одржа вечер посветена на македонските изворни песни и ора. Манифестацијата ја збогати и концертот на популарната Татјана Лазаревска во с. Живојно, насловен како „За мојот роден крај“, а претпоследен од планираните културни настани беше концертот на класична гитара во изведба на ФМУ Гитарско Трио.
Но, со оглед на интересот, несомнено завршниот настан Летен фолк хит на Македонија предизвика најголемо внимание.
Во соработка со Продукција Бозаро ви доловуваме богата галерија од фотографии за сите љубители на македонскиот фолклор.

Би можело да ве интересира

Прилеп и Куманово за прв пат заедно за големиот празник (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Како обилните дождови ќе се одразат врз земјоделството?

Гордана Цветаноска

За старт на учебната година првачињата добија подароци во Крушево

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе