СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

CSS Template

Новинарите од СОУ „Наум Наумовски Борче“ Крушево во посета на Радио Пела

196

Љубопитни како што само знаат да бидат новинарите, 11 ученици, заедно со својот ментор, професор по македонски јазик Никола Јованоски се запознаа со начинот на функционирање на еден електронски медиум. Радио Пела беше домаќин на уште една посета од ученици. Овој пат четвртата посета беше резервирана за групата средношколци од Новинарската секција при СОУ „Наум Наумовски Борче“ Крушево. Учениците беа нестрпливи да дознаат повеќе за работата на редакцијата, новинарите и техничарите, што е тоа тимска работа, како се реализира програмата во едно радио.
Особен интерес предизвика начинот на реализација на програмата во живо, како треба и како се пренесуваат поракате во јавноста, што значи одговорноста на медиумските работници, што значи стекнувањето доверба кај јавноста за вестите, разговорите кои се презентираат во медиумот.
Неколку часа траеше посетата, што пак низ едукативно – интерактивни разговори, предизвика интерес и за пробни снимки на разговори во студиото на Радио Пела, што ги подготвија самите ученици во улога на водители и на соговорници, на теми од активностите на училиштето, со желба за понатамошна соработка на учениците со медиумот.
Посетата на учениците од Новинарската секција при СОУ „Наум Наумовски Борче“ Крушево е четврта по ред реализирана на тема „Учење за медиумите од најмала возраст“ во рамките на проектот „Промовирање на медиумска и информациска писменост и зајакнување на независните медиуми во Западниот Балкан“ .
Радио Пела од 20 ноември 2019 година започна со иницијатива за промовирање на медиумската писменост кај младите во руралните средини со поддршка на Македонскиот Институт за медиуми во партнерство со Албани асошиејтс, заедно со регионални организации за развој на медиумите и со финансиска поддршка од Британската влада.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе