ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Учениците од ООУ „Страшо Пинџур“ практикуваа новинарство

382

Во рамките на третата тема „Бидете сигурни дека ги препознавате лажните вести“ од проектот „Учење за медиумите од најмала возраст“ екипата на Радио Пела во ООУ „Страшо Пинџур“ с.Мало Коњари одржа работилница.
За време од неколку часа група од 15 основци од седмо и осмо одделение, членови на Новинарско – литературната секција при централното основно училиште „Страшо Пинџур“ во село Мало Коњари, Прилеп, се запознаа со основните поими за тоа што се информации, а што е вест, што е интервју. На работилницита присуствуваше и менторот, наставник по македонски јазик, Зорка Сотироска. Целта на едукативно – интерактивната работилница беше учениците да научат да се справуваат со лажните вести, да прават разлика што е вест, а што манипулација, што е вистина, а што е лага.
Преку презентација, низ премери за лажни вести, наслови што предизвикуваат интерес, скандалозни најави и невистини,учениците се запознаа како можат да прават разлика, како да проверуваат кога користат интернет, пред да ја споделат веста и да станат жртви на измама.
Вториот дел од едукацијата беше посветен на новинарските алатки и стандарди, што е тоа вест, како се подготвува интервју, што е потребно да се знае за техниката на снимање на аудио интевју што би се емитувало во радио програма.
Во рамките на третата тема „Бидете сигурни дека ги препознавате лажните вести“ екипата на Радио Пела Елизабета Филипоска, Гордана Цветаноска и Никола Димески одржа и практична вежба за тоа како се шират невистините, лажните вести.
Интерактивниот дел од работилницата беше посветен на подготовка на интервју. Учениците, вкупно 15 се поделија во 4 групи направија избор на своите соговорници, подготвија уводник и прашања за темите на разговорите по нивни избор.
Интервјуата беа снимени преку соодветни апликации за аудио за мобилни телефони на различни локации во училиштето. По завршувањето на аудио снимките, учениците проверија што сработиле, но и што треба да се направи дополнително за материјалот да биде подготвен за употреба во радио програмата.
Како производ на работилницата треба да бидат 4 интевјуа кои по соодветната обработка во Радио Пела заедно со учениците, ќе бидат емитувани во рамките на емисијата „Од млади за млади“ .
Активноста на Радио Пела е во рамките на проектот „Промовирање на медиумска и информациска писменост и зајакнување на независните медиуми во Западниот Балкан“ кој го спровeдува Македонскиот институт за медиуми и Албани асошиејтс заедно со регионални организации за развој на медиумите. Проектот е финансиран од Британската влада.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: