ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ОК ВМРО ДПМНЕ : Дали моментно има командир Полициската станица Прилеп?!

586

На денешната прес конференција ОК на ВМРО ДПМНЕ -Прилеп портпаролот, Влатко Петкоски постави неколку прашања порвзани ,како што речее гој со гласина од прилепкста чаршија

„Во текот на минатите денови низ прилепската чаршија одекнаа муабети околу притворот на досегашниот командир на полициската станица во Прилеп. Прашуваме, дали е вистина дека на командирот кој беше уапсен во полициска акција, мерката притвор, му е заменета со мерка куќен притвор и истиот се наоѓа сега во неговиот дом? Доколку е ова вистина, на кои околности се должи ваквата мерка, ако знаеме дека во Maкедонија за многу полесни дела, луѓе скапуваат во притвор?

Дали можеби градоначалникот Илија Јованоски, знаел нешто што другите не знаеле како на пример во која насока ќе се одвива постапката, па поради тоа не го потпиша решението за објавување на решението за избор на нов командир? Или пак тоа се должеше на некаква внатре партиска борба? Градоначалникот нека одговори и на прашањето дали во моментов има актуелен командир на Полициската станица во Прилеп и доколку да, кој е тој?

Почитувани, кога СДСМ е на власт, секогаш се случува одредени ликови да бидат по привилегирани, од останатите. Куќен притвор добија Драги Рашковски и Катица Јанева. Вака ли ја замислуваат од СДСМ, правдата која ја ветуваше Зоран Заев? Вака ли изгледа правосудниот систем отворен како пупка? Или за луѓето кои важат за блиски до власта, еден е законот, а за останатите, оние не привилегираните е друг? После смена на власта доаѓа одговорноста за секој кој се огрешил пред законот. Законот мора да важи подеднакво за сите, без исклучок! Само така, со пример ќе покажеме дека никој не е и не смее да биде над законот.„ истакнаа на прес конференцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ -Прилеп

https://www.facebook.com/okprilep/videos/1262673187497894
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: