ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп, засега, со една независна кандидатура која „трча“ за собирање потписи за локалните избори

1.249

Од 16 август тече собирањето потписи за поднесување на независни кандидатски листи. Во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК се собираат потписи за независните кандидатите за градоначалници и  независни советнички листи за локалните избори што ќе се одржат на 17 октомври. Во над 20 општини во Македонија се води трката за собирање на потписи за независни листи за кандидати за градоначалници или потписи за независни советнички листи. Се собираат потписи за независни кандидати за градоначалници за Град Скопје , Општина Карпош, Општина Битола, Општина Македонска Каменица, Охрид, Свети Николе, Прилеп. Собирањето потписи, за советничките листи имаат Општините Могила, Виница ,Општина Чешиново – Облешево, независна листа на кандидати за членови на совет има и за општина Куманово, а во Охрид, три листи за советници, со тројца носители на листа. Поддршка од граѓаните за учество на претстојните локални избори како независни советнички листи бараат независни кандидати и за општините: Свети Николе, Велес, Гази Баба, Карпош, Град Скопје…

И,  во Прилеп во општинската канцеларијата на ДИК (во старатa општинска зграда) започна собирањето потписи , засега, за една независна кандидатска листа, од граѓанската иницијатива „Че вреди“, за независнa советничка листа чии носител е Дарко Конески и кандидатот за градоначалник, Жарко Стеваноски .

Денеска (20 август) граѓанската иницијатива “ЧЕ ВРЕДИ”соопшти дека ги собрала потписите за поддршка на независната советничка листа и кандидатурата за градоначалник.

Граѓанската иницијатива „Че вреди“ е нов субјект на македонската политичка сцена кој за првпат со своја независна листа за членови на советот и кандидат за градоначалник на општина Прилеп ќе настапи на претстојните локални избори.

Инаку, собирањето на потписи за независните кандидати и советнички листи ќе трае до 30 август.

И, партиите почнуваа да ги комплетираат листите

ВМРО-ДПМНЕ на последната седница на Централниот комитет усвои нови кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Тие објавија уште 19 кандидати за градоначалници, откако претходно информираа за 25 имиња кои влегуваат во трка за локалните избори. Партијата ги обелодени имињата и на кандидатите на опозицијата за Ѓорче Петров, Бутел, Македонски Брод, Берово, Пробиштип, но и натаму не се знае нивниот фаворит за градоначалник на Скопје.

СДСМ досега објави имиња на 35 кандидати за градоначалници, а деновиве објави и отворен повик за самокандидирање за советници во општините и Град Скопје за претстојните локални избори. Нивниот фаворит за градоначалник на Скопје останува актуелниот градоначалник,  Петре Шилегов.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: