ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Oтворени 21 те Пелагониски културно научни средби во Новаци

456

Општина Новаци ја продолжува традицијата долга 21 година како домаќин на Пелагониските културно-научни средби. Како резултат на оваа научна манифестација низ годините произлегоа многу трудови и научни зборници.

Градоначалникот  на Oпштина Новаци, Стевче Стевановски  како домаќин свечено го отвори овој настан и на присутните им порача дека општината секогаш ги поддржувала и ќе продолжи да ги поддржува и во иднина.

„Овие средби имаат традиција во Oпштина Новаци веќе 21 година и оваа традиција ќе ја продолжиме и понатаму. Особено се значајни од 3 аспекти и тоа: истражувањата во областа на културата, историјата и книжевното творештво, презентација на научни трудови и афирмација и поддржување на жените автори и младите дејци.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Oпштина Новаци.

Оваа година на Пелагониските културно-научни средби беше доделена наградата Повелба за животно дело на проф. Д-р Златко Жоглев и наградата „Златен клас за македонскиот вознес“ постхумно на поетот Панде Манојлов. Исто така  беше направено и кратко претставување на застапеноста на Блаже Конески во основното училиште „ Славко Лумбарковски“ во Новаци.

Средбите за прв пат беа организирани во 2001  година и досега учество зеле голем број научни дејци. Домаќин е Oпштина Новаци, затоа што речиси сите научни дејци се по потекло од овај крај.

На средбата се презентираат трудови од областа на историјата и македонистиката посветени на културно-историските и духовни вредности на Oпштина Новаци, но и другите населени места кои ја сочинуваат географијата на Пелагонија. Покровител е општина Новаци и Македонското научно друштво од Битолa.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: