CSS Template

Пловејќи низ медиумската писменост младите водители прашаа:„Дали новинарите се борци за објективноста или за вистината?„

167

Се одржа и втората емисија „Од млади за млади“ како дел од  проектот „Учење за медиумите од најмала возраст“ на тема: „Пловење низ медиумската писменост“.  Гости во емисијата, овој пат, беа новинарите Снежана Каратошеска, новинар и уредник во локалното прилепско радио, „Радио Холидеј“ и Елизабета Филипоска, новинар во локалната радио станица, “Радио Пела“, Кривогаштани.  Младите водителите, Михаела Петреска и Христијан Пусоски се интересираа за тоа: „Кој е предизвикот да се работи во локална радио станица?„,“Кои се предностите, а кои се тешкотиите да се работи како новинар во локалната заедница?“, “Како локалните новинари знаат кои информации треба да ги селектираат во нивните информативни програми и дали се  соочуваат со „лажните вести?“. Младите водители , пловејќи низ медиумската писменост се е интерсираа и за тоа “дали новинарите се борци за објективноста или за вистината? Какво е времето денес за оваа професија, тешко или поедноставно?“… Емисијата  се емитуваше и преку “стриминг“ на социјалната мрежа facebook , каде слушателите имаа можност да ја следат и визуелно

Tема „Пловење низ медиумската писменост“

Во емисијата, младите водители Христијан Пусоски и Михаела Петреска ги прашаа новинарите Снежана Каратошеска и Елизабета Филипоска: “Кој е предизвикот да се работи во локален медиум, во радио станица? “ Дали новинарите се борци за објективноста или за вистината? Како е да се работи новинарство во денешно време?“….

Posted by Radio Pela 96,8 FM on Сабота, 07 декември 2019

 

Активноста на радио Пела е во рамките на проектот  „Промовирање на медиумска и информациска писменост и зајакнување на независните медиуми во Западниот Балкан„ кој го спровeдува Македонскиот институт за медиуми и Албани асошиејтс заедно со регионални организации за развој на медиумите.  Проектот е финансиран од Британската влада.

 


semm
Vivafarm
Farma Dolneni