18.3 C
Прилеп
вторник, 13 мај, 2025
Пела Радио

Попладнево земјотрес почувствуван во Прилеп и Битола

Попладнево беше почувствуван земјотрес во Прилеп, Битола и околината со магнитуда од 3,4 степени по Рихтерова скала. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 17.07.2022 година регистрираше земјотрес 92 km јужно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Мрежичко-Кавадарци.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 15 часот и 40 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.4 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Прилеп, Битола и околината.

Би можело да ве интересира

Балонот наречен сиромаштија

Гордана Цветаноска

Шумски полицајци нападнати во долненско, пожар на две патнички возила во Прилеп

Пела Редакција

Прилепските стилисти ќе учествуваат на манифестација „Hair fair 2018“ во Охрид

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе