ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Преродба : Празникот Тримир е наша традиција (ВИДЕО+ ФОТО)

И годинава се одбележа празникот тримир

1.221

Од поколение на поколение  па се до денес , адетите како што е редот се пренесуваат низ вековите во Прилеп , каде празникот Тримир опстојува.  Прилепското здружение Преродба ги негува традициите и обичаите како и овој женски празник во една весела тримирска атмосфера. Со богата посна трпеза , овошје, боза со некој интересен специјалицет направен одвредните раце на жените од ова здружение а сето тоа збогатено со женско друштво и муабети од сите страни.

Адетите за Тримир се пренесувале од баба на мајка , од мајка на ќерка , велат од здружението а Менче Пеоска со гордост раскажува за подготовката на можеби најважниот сегмент од овој женски празник ,пченицата со конопни зрна , како некогаш се подготвувала а како сега.

Ако некогаш за Тримир се работело, плетело и везело денеска главно на муабетите им нема крај а и на дружбата со песна  како што тоа го прави и здружението Преродба.Прилепските домаќинки порачуваат љубов , среќа и бериќет на младите како и успех во нивниот живот.Тримир го слават православните христијани вели Илка Илиоска во чест на велигденскиот празник а во чест на празникот се држат пости за здравје за да се испости телото а како што вели таа овој празник е да се научат младите ,мажените дека треба да ја одржуват традицијата па и тие да ги повикаат нивните ќерки на гости.

Третиот ден по Прочка е празник , Тримир, празник за среќата и љубовта на младите , празник полн со обичаи но и празник кој треба да се негува и одржува за мир и слога во домот , за спокојство кое секое семејство си гопосакува.

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: