ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп: 6 мерни станици, за 6 месеци – проба за мерење на аерозагаденоста

884

Веќе се поставени 6 мерни станици, на исто толку локации во Прилеп, за мерење на загаденоста на воздухот. Пилот, или пробниот период е во траење на 6 месеци – до кога треба да се утврдат локациите, да се испита начинот на работа на новиот систем, иновативен производ на македонска компанија.

– Станува збор за мерни станици за загадување на воздух и други метеоролошки податоци и се надеваме на особен успех, од причина што пред два дена ја завршивме инсталацијата на шесте мерни станици и двете комуникациски станици. Сите сензори кои што се користат се со индустриски квалитет, се набавуваат од ЕУ и поседуваат ‘ЦЕ’ сертификат. Тоа значи дека нивните параметри се акредитирани во ЕУ и ги задоволуваат сите стандарди на индексот за квалитет на воздух. Користиме индустриски сензори од светски производители кои важат за апсолутни лидери во таа област, рече Петар Орданоски, претставник на компанијата Екомонитор.
Пробните тестирања на работата од целиот систем, за кој што претставниците велат дека не постои можност од манипулација со податоците, ќе биде потврден од како работата на системот ќе се испита и на други локации. Постоечките, се инсталирани времено на различни локации во центарот на Прилеп и периферијата, а за време на тест периодот ќе бидат разместени, додека не се утврди најпогодната локација. Целта е да се констатира дали мерните станици ја даваат реалната слика за аерозагадувањето. Општина Прилеп дури потоа треба во согласност со легислативата да ги набави.

Во меѓувреме, ќе функционира и мерната станица која се наоѓа на објектот на Општина Прилеп, добиена од Универзитетот „Гоце Делчев“ која што исто така е на тест период и поставена е веќе 1 година. Оваа мерна станица е поврзана со апликацијата „Мој воздух“.
– Минатата година ја предадовме во употреба пречистителната станица за отпадни води, градот е лидер во примарната селекција на отпад, а од пред една година поставивме една мерна станица за мерење на загаденоста на амбиенталниот воздух. Денеска го продолжуваме тој процес со реализација на овој пилот проект, односно со поставување 6 нови мерни станици, кои во наредните 6 месеци ќе ја мерат загаденоста на амбиенталниот воздух, вели градоначалникот Илија Јованоски, кој потенцираше дека ќе продолжат заложбите општината на соодветен начин да се справи со проблемот со загаденоста на амбиенталниот воздух.
Инаку, новите мерни станици, како иновативен производ, се поддржани од Фондот за иновации и технолошки развој.

– Се работи за проекти во вкупна вредност од 1 милион евра, од кои 250.000 евра се влог на самите компании. Тоа се реални компании чии проекти имаат реални ефекти, а дека посебно внимание им посветуваме на проектите од заштита на животната средина, зборува тоа што за многу брзо време ќе го објавиме и вториот повик со кој ќе финансираме проекти кои ќе работат на детектирање на загадувањето на амбиенталниот воздух и ќе нудат конкретни решенија“, изјави Бранислав Марковски од Фондот за иновации и технолошки развој.

Прилеп е првата општина каде се тестираат овие мерни станици, а од компанијата велат дека истиот систем ќе се проверува во општина Куманово и Струмица.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: