ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Што е новинар?“ Што е радио ?“ Прашања безброј од децата од детската градинка „Весeло Штркче„ –Кривогаштани

696

Во рамките на проектот  “Учење за медиумите од најмала возраст“, најмалите од детската градинка „Веслео Штркче“ – Кривогаштани ја посетија руралната радио станицата, Радио Пела и се запознаа со улогата на медиумот во пренесување на информациите, со професијата новинар и со начинот на креирање на вести и пренсување на истите во јавност.  Тие прашаа “Што е вест?“ Како музиката и говорот доаѓаат до нивниот дом?„;  Што е новинар?„ „Каква професија е радио водителството и новинарството?„

 

Нивното прво запознавање со електронски медиум не ги остави рамнодушни.  Беа воодушевени и радосни што имаа можност за прв пат да посетат радио станица и да се запознаат со новинарската професија.

https://www.facebook.com/radiopela/videos/440816243289691/

Најмладите зедоа и активно учество во програмата . Изрецитираа „гатанка за радио“ и песничка за „правата на детето„.

Сето тоа радио Пела го пренесе преку етер , со што децата од предшколскат возраст од детската градинка „Весело Штркче“ од Општина Кривогаштани, имаа можност дирекно да чујат како звукот се пренесува од студио до секој дом.

Активноста на радио Пела е во рамките на проектот  „Промовирање на медиумска и информациска писменост и зајакнување на независните медиуми во Западниот Балкан„ кој го спровeдува Македонскиот институт за медиуми и Албани асошиејтс заедно со регионални организации за развој на медиумите.  Проектот е финансиран од Британската влада.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: