ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ПрилепНаТочак:Ни треба проветрување! Време е за транспортна чистка!

593

Прилеп е загаден. Во зима најмногу до израз доаѓа загадувањето на воздухот, но Прилеп е загаден град и по други основи. Загаден е од бучава, загаден му е јавниот простор, загаден е од небезбеден сообраќај, загаден е од лоши граѓански навики, но загадено е и од лоши политики на водење на градот со години наназад.

Без јасни и долгорочни политики кои треба да понудат систематски и докажани решенија, заглавени сме во бесконечни препирања дали загадувањето е предизвикано од начинот на греење на домовите, индустријата или сообраќајот… Без јасни политики секој си го брани своето загадување и во крајна сметка никој не превзема ништо.

“Иако, според последните истражувања сообраќајот не е најголемиот загадувач на воздухот, тоа воопшто не значи дека не е голем загадувач. Ако сообраќајот директно учествува со 20% во вкупното загадување со PM честички и ако во најазгадените денови загадувањето стигнува до 500 µg/m3, тогаш дури и магично да се ослободиме ЦЕЛОСНО од сите останати загадувачи (греењето на домовите, индустријата, градежните активности), ќе останеме со повеќе од 100 µg/m3 од сообраќајот, што е дури 2 пати повеќе од максимално дозволената граница од 50 µg/m3.“- велат од Критична маса 56 ПрилепНаТочак кои денска (17,30 ч) и утре („20,3о ч) организраат велосипедска дружба насловена „Подобро на -5°C #НаТочак, отколку на 1611µg/m3 со кола.“

„Заглавени сме во бесконечните желби како да направиме град со поодржлив сообраќај, а како притоа да не се скрати ништо од автомобилите. Невозможно! Заглавени ме и во илузијата дека електричните или автомобилите на понезагадувачки погон ќе не спасат од проблемите во сообраќајот. Дека технологијата ќе ни ги реши проблемите сама по себе, без да мора да донесеме радикални политички одлуки. Ни треба проветрување!
Признавање дека мора да се преземат паралелно силни и радикални мерки на сите полиња, кај сите загадувачи, а не еден по еден. Време е за транспортна чистка! “ велат организаторите кои бараат
Да се прочисти градот од возила кои многу загадуваат, но и од премногу возила, а патувањата да бидат заменети со други начини на транспорт (јавен транспорт, точаци и пешачење)., да се прочистат политиките од надминати парадигми ,бидејќи генералните планови според кои Прилеп се гради се застарени, да се прочистат тротоарите и јавниот простор од окупацијата од автомобилите, и ослободувањето на тротоарите, велосипедските патеки и јавниот простор од автомобилите го поттикнува одењето пеш и користењето на точакот како транспортно средство, да се прочисти градот и од звучно загадување,затоа што транспортот е еден од најголемите загадувачи со бучава итн …
„Бараме транспортна чистка со здрави транспортни политики!“- повикуваат  организаторите и го поттикнуваат граѓаните да им се придружат за заедно да се изборат за здрава живота средина

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: