ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Првите 100 дена од новиот мандат на крушевскиот градоначалник-нови проекти и продолжување на тековните

352

Во првите 100 дена од манадатот на градоначалникот на општина Крушево, градоначалникот  Томе Христоски посочи дека  се реализираат тековните проекти, но отпочнаати се и неколку нови како и  донесени  одлуки и потпишаани договори за нови зафати од повеќе области.

„Во првите 100 дена успеавме да продолжиме со засилено темпо и да овозможиме долгорочно решавање на проблеми и реализација на проекти. Тековните проекти течат непречено, а во почетна фаза се неколку проекти, особено од областа на образованието и патната инфраструктура. Паралелно продолжуваме и со работа на унапредување на транспарентноста и отвореноста на општина Крушево.“, изјави градоначалникот Томе Христоски.

Во првите 100 дена од новиот мандат крушевскиот градоначалник го потпиша договорот за имплементација на проект од областа на туризмот во рамки на Програмата за прекугранична соработка со Албанија. Проектот вклучува изградба на паркинг на полетувалиштето на Мечкин Камен, поставување две мерни станици, ЛЕД остветлување на градот, изградба на „даунхил“ патека и унапредување на туристичката промоција на Крушево. Проектот вреди околу 740 000 евра, а дел од истиот се 4 партнери од Северна Македонија и Албанија. На крајот од 2021-ва година се комплетирал и проектот за реновирање и надградба на подрачното училиште ООУ „Никола Карев“ во с. Борино.

Од областа на образованието започната е реконструкцијата на кровот и фискултурната сала во ООУ „Никола Карев“, во почетна фаза се проектите за реновирање и надградба на училиштата во Пресил и Бучин, а се изработуваат проекти за реконструкција на подрачните училишта во Алданци и Св. Митрани.

Продолжија и тековните проекти :изградба на резервоар за вода во с. Пресил, реконструкција на дел од улица Питу Гули со изградба на паркинг, водоснабдување на Јакреново, односно втора фаза преку изградба на резервоар за вода, набавка на нова опрема за ТППЕ Крушево, а претходно се реконструираа просториите во кои е сместена единицата.

Во првите 100 дена од страна на централната власт се донесоа неколку важни одлуки чија реализација ќе придонесе за подобри услуги за граѓаните и повеќе можности за практикување здрав живот: одлука за набавка на камион за отпад, одлука за набавка на теренско возило за ЈП „Комуна“ Крушево, одлука за изградба на фитнес зона во Крушево.

На почетокот од мандатот отпочна и постапка за реконструкција на патот од с. Врбоец, преку Св. Митрани, па се до општина Кривогаштани.

Општина Крушево заедно со дом на култура „Наум Наумовски Борче“, а на иницијатива на семејството на Васил Иљоски започнаа со опремување и оспособување на спомен соба за познатиот драматург, писател, есеист со потекло од Крушево.

Во првите 100 дена од новиот мандат сметам дека создадовме добра основа за наредните 4 години. Дополнително, продолжуваме со изработка на проекти и изнаоѓање на нови можности за финансирање за да продолжиме уште поинтензивно во наредниот период. Граѓаните имаат очекување и сега на нас градоначалниците останува да работиме и да покажеме дека ја заслужуваме довербата што ни ја даваат.“, заклучи градоначалникот на општина Крушево.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: