10.5 C
Прилеп
сабота, 10 мај, 2025
Пела Радио

Прво коло Деспина со 8:0 го совлада Борец

Мошне ефикасно започна новото првенство од фудбалската Прва лига на Македонија за жени.

Во Прилеп, на игралиштето со вештачка трева, домашната Деспина со високи 8:0 го совлада велешки Борец. Крајниот резултат е поради седумте гола во второто полувреме. До одморот домашните водеа со 1:0. Стрелци: Симона Тасева 6,55, Катерина Милеска 71, 75, 83, Жељана Максимовиќ 77, Михаела Настовска 81, Николина Батиниќ 90+2. Прилепскиот тим, очигледно, е многу посилен од минатото првенство и ќе атакува на позиции од горниот дел на табелата. Настапија: Шљиво, Тасева, Милеска, Петровска (78. Тодосова), Батиниќ, Боризоска (46. Љондевска), Ефтинџиоска, Павловска (89. Мојсоска), Илиевска (46. Настовска), Максимовиќ, Чубриноска (89. Трипчевска). Во следното 2. коло Деспина е гостин на екс-шампионот, Саса во Каменица.

На другите денешни мечеви, Речица (Куманово) – Саса (Каменица) 0:11, Скопје – Шкендија (Тетово) 5;3.

Преземено од:https://shampion.mk/

Би можело да ве интересира

Три фудбалерки на Деспина собираа искуство на тренинг камп во Дојран (ФОТО )

Никола Димески

5- ти меморијален ракометен турнир “Миле Нешкоски“

Дерби фудбалски натпревар со не очекуван пораз за домашните!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе