16.9 C
Прилеп
недела, 8 септември, 2024
Пела Радио

Родителите со потпишување на изјави ќе одлучуваа дали нивните деца ќе учат он лај или преку физичко присуство

Школската година, календарски требаше да започне од 1 септември – пролонгирано за 1 октомври, но сеуште нема решение како ќе учат ученицие.  Сè уште не се знае колку од учениците ќе ја следат наставата со физичко присуство, а колку онлајн. Родителите кои не контактираа,велат дека до нив пристигнуваат т.н препораки, од наставничкиот кадар, за изјаснување: дали сакаат нивното дете да ја следи наставата он лајн или со физичко присуство. А, без оглед каква е одлуката на родителот, тој ќе мора да потпише изјава , со која се изјаснува за одлуката како неговото дете би ја следело учебната 2020/2021 год.

Денеска во Министерката за образование и наука, кај министерката  Мила Царовска се директорите на сите, но и на прилепските основни и средни училишта,  со цел да добијат насоки што и како понатаму во изведување на наставната програма.

Проценотт како ќе се изјаснат родителите  ќе се знае по се изгледа  од 15 септември, со што ќе се има сознание колку од учениците ќе стартуваат со физичко присуство, а колку ученици ќе ја следат наставата со учење од далечина, велат од Министерството за образование , додавајќи дека тоа не значи ,оние ученици кои ќе почнат со физичко присуство и ќе останат ,и обратно. Сепак,се ќе зависи од епидемиолошката слика во општината.

Како пример, Советот на Општина Битола деновиве донесе одлука со која се овозможува средните и основните училишта во градот, чиј основач е локалната самоуправа, да формираат паралелки со помал број ученици. Досега Советот на Општината Прилеп се нема изјаснето за оваа состојба, „како ќе работата прилепскит училишта?!“ .

Инаку, школската година ќе заврши на 10 јуни, а сите ученици, и оние кои ќе следат настава со физичко присуство и онлајн, ќе бидат оценувани со физичко присуство, кажа денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) – КОИ СТРУКИ И ПРОФИЛИ ГИ НУДИ СОУ „ОРДЕ ЧОПЕЛА“- ОТВОРЕН ДЕН ЗА ИДНИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ

Пела Редакција

Вредни и успешни-прво место за хорот при ООУ „Гоце Делчев“ Прилеп на државниот натпревар

Три прилепски компании доделија стипендии за најдобрите студенти на Економскиот факултет

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе